69 проценти од вработените покажале симптоми на согорување додека работеле од дома, што е за 35% повеќе од само два месеци претходно, покажа едно истражување на веб страницата за барање работа Monster.com кое беше спроведено во јули минатата година.
Само пред една деценија, исцрпеноста беше термин кој што се споменува само во книгите за медицина и академските трудови. Денес, ние сме многу добро запознаени со поимите како креативно исцрпување, политичко исцрпување, физичко исцрпување, исцрпеност поради различни причини, исцрпеност во партнерство и родителска врска, па дури и исцрпеност при играње видео игри. Тоа е хроничен стрес кој се акумулира, а резултатот е физичка и емоционална исцрпеност.
Оваа форма на стрес, која на крајот ги спречува индивидуите да функционираат нормално, исто така е препознаена од Светската здравствена организација. Прекумерното очекување од себе и постојаното кршење на сопствените граници со прекумерно работење се погодни за емоционално и ментално исцрпување. За да се избегне такво сценарио, потребно е да имате самоконтрола.
Ова е токму она што го заклучи Стела Салминен, професорка на универзитетот „Јиваскила“ во Финска, која е коавтор на неколку студии кои ја проучуваат исцрпеноста. Кога ќе дојде до појава на исцрпеност, луѓето обично си помагаат со промена на животот и навиките од долу нагоре. Некои се иселуваат и надвор од државата, а други само ја менуваат работата. Но, без вистинска рехабилитација нема целосно закрепнување. Тоа ги вклучува сите видови релаксација – од одмори во луксузни одморалишта до курсеви преку интернет.
Спроведејќи мала студија во 2015 година, Салминен интервјуираше 12 лица, а анализата покажа дека оние кои успешно закрепнале спознале дека самите тие се одговорни за сопствената благосостојба. Концептот на одговорност кај луѓето кои трајно закрепнале се чини дека е клучен за самиот процес на закрепнување. Одреден процент на закрепнување мора да дојде одвнатре. Потребни ни се неколку индивидуални и ментални промени доколку сакаме да се опоравиме од исцрпеноста, но тоа не е доволно бидејќи исцрпеноста не е и не треба да се третира како индивидуален проблем. Тоа е професионално нарушување само по себе – изјави Салминен за Би-Би-Си.
Таа додаде и дека ако луѓето веруваат дека можат да влијаат на нивната околина, тие обично ги преземаат неопходните чекори за да ги свртат факторите што ги довеле во состојба во која се наоѓаат. Така, тие ги менуваат своите навики на спиење, се грижат слободното време да биде навистина слободно, што се покажа како голем проблем при работа од дома. Додека само-грижата и менувањето на начинот на размислување се важни, некои експерти сметаат дека акцентот на вработените е бескорисен и погрешен бидејќи вистинските виновници се самите работни места и нивните неразумни барања.
Со тоа, хроничниот стрес се враќа ако работата не се подели на повеќе вработени и ако обемот на работа не е генерално намален. Покрај преоптоварувањето во работата, предизвикувач на исцрпеност може да биде и нискиот приход, што обично ги погодува жените затоа што тие се помалку платени од мажите, а нерешените семејни односи може исто така да бидат фактор.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.