3 работи што треба да ги знаете пред да се вработите во стартап средина

од 24HR

Вистината е дека работењето во стартап компанија може да биде забавно и да ти го промени начинот на живот. Меѓутоа овој тип на работна средина не е за сите – пишува Памела Илиева во својата прва колумна за 24HR.

Веќе неколку години го слушаме терминот „стартап“ насекаде околу нас. За некои од нас е тренд или кул придавка која сакаат да ја додадат на својот бизнис. Но за некои компании е вистинска ситуација – starting up.

Како и да е, сè повеќе професионалци се решаваат да ја напуштат својата „сигурна работа“ и да се впуштат во стартап авантура. Најчеста причина за ваква драстична промена е потребата за нови предизвици, вештини и можности.

Тргнувајќи од моето лично искуство и мојот ангажман во стартап бизнисот Shortlister,  морам да признаам дека има клучни разлики помеѓу работа во стартап и стандардна и структурирана компанија.

Вистината е дека работењето во стартап компанија може да биде забавно и да ти го промени начинот на живот. Меѓутоа овој тип на работна средина не е за сите.

Во продолжение ви откривам три битни работи кои треба да ги знаеете пред да одлучите дали работење во стартап е добра идеја за вас:

1. Секогаш спремни за промени

За разлика од стандардните компании кои имаат добро дефинирани процеси и многубројни вработени кои го повторуваат истото однесување од ден за ден, во стартап средините промените се дел од секојдневието.

Работи како позиции, работни задачи или проектни планови, се менуваат почесто од филтерот за вода во канцеларија и тоа е во ред.  

Постојаните промени за некои професионалци може да биде фрустрирачки, особено кога тие дошле од компанија во која имало култура на рутинско работење. Но, за да успеете во стартап средина, треба да сте спремни да прифатите хаос и да ​​покажете дека лесно може да се справите со секој предизвик на патот кон успехот.

2. Тимски играч

Во стартап средина нема простор за „соло играчи“.

Кога и се приклучувате на некоја стартап компанија, голема е веројатноста тимот да се состои од мала група на луѓе со големи идеи. Тие луѓе работат напорно за да ја остварат мисијата на компанијата. Хенсе, работните односи можат да станат суштински дел од вашиот живот.

Кога работите во стартап треба да ја заборавите фразата „Ова не е дел од мојот опис на работата” и да бидете спремни се почесто да го гледате менаџментот кој заедно со целиот тим ги засукал ракавите и работи напорно, наместо да биде заклучен во канцеларија.

3. Имате желба да се искажете и да се докажете

Да бидеме искрени сите сме биле дел од состанок каде што сме сакале да кажеме многу работи, меѓутоа во знак на толеранција или страв од реакција, сме молчеле. Стартап средината е место за луѓе кои не се плашат отворено да зборуваат за проблемите. Или да споделуваат идеи. Или едноставно, да го искажат своето мислење.

Најчеста култура која секоја стартап компанија ја негува е „Speak up culture“. Кога вработените се слободни да го искажат своето мислење се креира здрава работна средина, каде што членовите на тимот се чувствуваат слободни да ги споделат своите идеи и грижи, без страв од одмазда или потсмев.

Значи, имате многу за размислување...

И покрај сите погоре наведени работи кога размислувате да станете дел од стартап, одговорете си на следниве прашања:

  • Дали стартапот ви дава можност да работите нешто што навистина го сакате?
  • Дури и да не успее, дали работата во стартап ќе ви помогне да пораснете во Вашата кариера?

За авторот:

Памела Илиева е Директор на секторот за регрутирање во стартап компанијата Shortlister. HR професионалец со седум годишно искуство во регрутација и менаџмент на човечки ресурси. Нејзиното работно и животно мото е – Можностите не се случуваат. Вие ги создавате!

0 коментар
6

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.