2021 ќе биде во фокусот на талентите

од 24HR

Ако постои една работа за која сите можеме целосно да се согласиме, тоа е дека изминатите неколку месеци беа сѐ освен лесни за вработените во човечки ресурси.

Глобалната пандемија нè погоди посилно отколку што верувавме дека е можно и трае многу подолго од очекуваното. Повеќето земји сѐ уште остануваат затворени, оставајќи ги работодавците и вработените несигурни за нивната непосредна иднина.

Компанијата DucuSign, во пресрет на својот вебинар Три HR трендови за 2021 година: Како да се подготвиме за неочекувани предизвици,одговори на некои клучни поенти кои ја тангираат технолошката имплементација во време на Ковид-19 и новите предизвици за работодавците во наредните неколку месеци.

Повикувајќи се на резултатите од своето најново истражување, DocuSign откри дека главната грижа за HR лидерите во 2021 година ќе биде задржувањето на таленти (52%), проследено со развојот на таленти (50%), привлекувањето на таленти (49%) и подобрувањето на задоволството на вработените (47%).

Според ова, се чини повеќе од јасно дека работодавците треба да се фокусираат на привлекување на вистинските луѓе и потоа на нивно задржување во организацијата.

„Од друга страна, она што е многу јасно во моментов е дека вработените во човечки ресурси губат премногу време на непотребна документација“, велат од DocuSign додавајќи дека „HR-от е многу повеќе од тоа да се натераат луѓето да пополннуваат формулари и документација“.

И тоа е точно со оглед на тоа што Ковид-19 ги натера одделенијата за човечки ресурси да сфатат дека им се неопходни алатки што ќе ги автоматизираат рачните процеси – процеси кои одземаат драгоцено време кое може да се релоцира во некој друг правец.

Истражувањето на оваа компанија утврди и неколку области за загриженост кои ги забавуваат секторите за човечки ресурси.

„Најмногу време се троши на рачно пополнување на формулари и документација (44%). Потоа следува преглед и разјаснување на одговори до вработените (33%), рачно внесување на податоци (31%) и анализа на усогласеност (30%)“, откриваат од DocuSign.

„Кога станува збор за сржта на проблемот, сето тоа укажува на недостаток на соодветна технолошка интеграција“, велат од DocuSign. Според нив, предизвик број еден за лидерите за човечки ресурси во моментов е неавтоматизирана технологија.

Едноставно, работодавците треба да направат повеќе и да инвестираат во алатки кои не само што ќе го олеснат животот на вработените во човечки ресурси, туку и ќе ја подобрат ефикасноста на организацијата како целина.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...