8-часовниот работен ден е најголемата контрапродуктивна замка

од 24HR

Осумчасовниот работен ден кој го започна својот живот како социјалистички сон денес претставува ноќна мора за секој работник во економијата базирана на знаења.

Поместувањето на стрелките на часовникот е уште една потврда дека ние луѓето можеме да си играме со времето секогаш кога тоа ни оди во прилог. Осумчасовниот работен ден кој го започна својот живот како социјалистички сон денес претставува ноќна мора за секој работник во економијата базирана на знаења.

Кога велшкиот сопственик на текстилна фабрика и социјален реформатор, Роберт Овен, за првпат го артикулира моделот 8-8-8, односно „осум часа работа, осум часа рекреација и осум часа одмор“, тоа претставуваше ренесанса во вистинска смисла на зборот. Во 19-от век, кога голем број од работниците, вклучително и деца, биле ангажирани по 12 или 14 часа на ден, органичувањето на работниот ден на само 8 часа претставувало добра основа за градење на одржлив и долгорочен модел на работа.

Затоа во текот на следните 100 години, синдикатите во САД се залагаа за усвојување на осумчасовниот стандард во најразлични индустрии, а Хенри Форд ја однесе оваа идеја понатаму кога во 1926 година ја воведе петдневната 40-часовна работна недела во рамките на својата компанија. 14 години подоцна, американскиот Конгрес официјално ја ограничи работната недела во САД на 40 часа.

Меѓутоа, осумдесетина години подоцна ситуацијата е поинаква. На работните места што повеќето од нас во моментов ги имаат станува невозможно да се работи по осум часа на ден и да се остане продуктивен. Во 2021 година, современиот работник не се занимава со монотона работа, туку со креативни активности кои од ден на ден се менуваат и бараат променет пристап за работа. Наместо класични работници кои го продаваат својот труд, денес имаме програмери, маркетинг професионалци, графички дизајнери, писатели кои добиваат плата за својата креативна работа. Згора на тоа, денес работата не е фиксирана за одредена локација бидејќи се уверивме дека поголемиот дел од нас можат да работат и од дома.

Никој не работи 40 часа неделно

Сите ние сме de facto ангажирани 40 часа неделно, но сепак, нашата работа не е иста и придонесот кој го даваме за компанијата е сосема различен. Но, сепак, постои една работа која е заедничка за сите нас, а тоа е дека ниту еден човек не работи ефективно во текот на целото работно време. Секој од нас си има различен патерн на работа, различни навики, и на крајот, различни преференции. Па, што е точно за 40-часовното неделно работно време?

Четириесет часа достапност – секако. Четириесет часа присуство во канцеларија – веројатно. Четириесет часа размислување за работата – за некого да. Но, колкав дел од времето вистински го посветуваме на активности кои придонесуваат за извршување на работата? Тоа сигурно не се 8 часа во денот бидејќи ако го правите тоа, многу веројатно е за брзо време да согорите.

Длабока работа

Овој тип на работа трае многу пократко и се нарекува фаза на „длабока работа“. Длабоката работа, која бара целосен фокус и нè турка турка до нашите интелектуални и креативни граници е од витално значење за голем број од моменталните работни места. Таа е исто така поврзана и со чувството на среќа. Откако ќе се впуштите во длабока работа, се чувствувате задоволни и горди. Но, она што е невозможно е да се остане во таа состојба на интензивна концентрација повеќе од три или четири часа на ден. Значи, ако длабоката работа е најважниот дел од нашата работа, но истовремено сме обврзани да работиме осум часа во денот, во основа сме осудени да ги поминеме другите четири или пет часа на непродуктивни активности, како што се сурфање на интернет, социјални мрежи и слично.

Од друга страна, мнозинството истражувачи во областа сметаат дека идеалниот работен ден треба да трае 5 часа, каде што 3 часа би биле посветени на „длабока работа“, а другите два на подготвување за тековниот и следниот работен ден. Никого нема да изненади што е сосема веројатно да бидете попродуктивни за пет часа под овие услови, отколку за осум часа извршувајќи ја работата вообичаено како досега.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...