Белика Британија започна пилот проект за четиридневна работна недела

од 24HR

Четиридневната работна недела станува реалност во Велика Британија со најновиот пилот проект во кој ќе бидат опфатени вработени од 30-на британски компании.

Дискусијата за придобивките од четиридневната работна недела постои веќе неколку години наназад, но вистинските разговори се зголемија откако почетокот на пандемијата предизвика голема промена во перецепцијата за тоа како и каде луѓето работат.

Велика Британија, како една од земјите која е лидер во однос на работната култура и работничките односи, во вторникот лансираше шестмесечна тест програма за четиридневна работна недела.

Околу 30-на британски компании треба да учествуваат во најновиот пилот проект, при што вработените во овие компании ќе заработуваат иста сума како да работат пет дена во неделата.

Пилотот е предводен од „4 Day Week Global“ во партнерство со тинк-тенкот „Autonomy“, „4 Day Week UK Campaign“ и истражувачи од Универзитетот Оксфорд, Бостонскиот колеџ и Универзитетот Кембриџ.

Од компаниите кои учествуваат во овој проект се бара да го оддржат нивото на продуктивност на 100 отсто со само 80 отсто од времето со оглед на тоа што сега ќе имаат дополнителен слободен ден секоја недела.

Инаку, слични вакви проекти ќе започнат и во САД, Ирска, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Меѓу вклучените компании, како што пренесува „Independent“ е и компанијата „Canon“ со што оваа технолошка фирма ќе им обезбеди на вработените серија работилници, менторство и можности за вмрежување за да го максимизираат успехот на проектот.

„Се повеќе бизниси се движат кон стратегии насочени кон продуктивност за да си дозволат намалување на работните часови без намалување на платата“, вели Џо О’Конор од „4 Day Week Global“ додавајќи дека очекува зголемен интерес за овој проект во светски рамки.

„Четиридневната работна недела го предизвикува сегашниот модел на работа и им помага на компаниите да се тргнат од традиционалното мерење на времето кое луѓето го поминуваат на работа и да се фокусираат на производство“, вели тој.

Според него, 2022 ќе биде година што ќе ја најави новата храбра иднина на работата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...