Иако несогласувањата честопати се третираат како негативна појава, прочитајте за нивните позитивни ефекти кога се работи за работното место.
Несогласувањата се неизбежен, нормален и здрав елемент од меѓучовечките односи. Малите несогласувања помеѓу вработените или со надредените не секогаш важат за негативни појави на работното место. Многу често, тие можат да водат и кон позитивен исход. Всушност, несогласувањата – кога се менаџираат добро – имаат многу позитивни ефекти:
Подобри деловни резултати
Вработените многу место си контрираат еден со друг кога постои станува збор за тоа кој го има подоброто решение за некој проблем. Тој конструктивен конфликт понекогаш доведува до изнаоѓање на ново решение кое ќе апсорбира по малку и од двете страни. Тој може да е непријатен на прв поглед, но подоцна може да премине во извор на вистински иновации или критичен процес за идентификување и ублажување на ризиците. Така на пример, ако вие и вашиот колега се расправате за најдобриот начин за отпочнување на нова инвестиција и тој сака да влезете во еден пазар, а вие во друг, ќе бидете принудени да ги истражите добрите и лошите страни на секој пристап и заедно да се договорите за најдоброто решение.
Можности за учење и раст
Колку и да е непријатно кога некој ги предизвикува вашите идеи, тоа во исто време претставува и можност за учење. Со слушање и добивање на повратни информации, вие добивате ново искуство, впивате нов начин на работа и ги развивате вашите менаџерски вештини. Затоа, следен пат кога ќе добиете критика за вашата презентација, обидете се да го искористите тој фидбек за да бидете подобри во иднина.
Подобрени односи
Работењето во конфликти ќе ви овозможи подобро да разберете што е она што им значи на луѓето околу вас и како преферираат да работат. Исто така, ќе поставите и важен преседан, а тоа е дека постојат „добри“ борби од кои може да се продолжи понатаму. Кога еднаш ќе ги надминете тие конфликти, ништо не ве спречува да имате одлична релација со конфликтната личност.
Повисоко задоволство
Кога не се плашите конструктивно да не се согласувате за прашањата на работа, најверојатно ќе бидете посреќни во канцеларија, ќе бидете позадоволни од она што го постигнувате и ќе уживате во интеракцијата со вашите колеги. Една студија спроведена на американски и кинески работници кои работат во Кина покажа дека постои корелација помеѓу употребата на одредени пристапи за управување со конфликти и задоволството на вработениот на работното место.
Поинклузивна работна средина
Ако сакате да имате разновидност и инклузивност во вашата организација, мора да бидете подготвени да не се согласувате. Иако хомогените групи се честопати посигурни во своите перформанси, разновидните групи се поуспешни во извршувањето на задачите. Оттука, менаџерите и вработените треба да го надминат инстинктивниот нагон за избегнување на конфликти и да ја напуштат идејата дека консензусот е цел сама по себе. Во добро управуван разновиден тим, суштинските несогласува никогаш не треба да станат ли
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.