Зошто развојот на вработените и растот на кариерата се неопходни за успехот на една компанија

од 24HR

Axapta Masters организира многу различни активности како обуки, тим-билдинг и работилници за да им помогне на вработените да ги развијат своите лични и професионални вештини и да напредуваат во кариерата.

Како можеш да ги мотивираш твоите вработени да бидат продуктивни и посреќни на работното место? Тоа е прашање што сите менаџери си го поставуваат себе си, бидејќи демотивираните вработени може да бидат неефикасни, помалку посветени и да има поголема веројатност да ја напуштат компанијата. Вработените имаат тенденција да останат подолго во компаниите ако тие веруваат дека се дел од процесот на развој и учење. Со вреднување на нивниот талент и препознавање што треба да се подобри во развојот на нивната кариера, секој ќе се чувствува ценет од страна на компанијата.

Ова води до фактот дека на поединците и на тимовите им треба обука и помош во текот на нивната кариера за да ги развијат своите вештини и да продолжат да дејствуваат ефикасно. Во деловите што следуваат ќе разговараме за важноста на развојот на вработените и какви активности спроведува нашата компанија за таа цел во текот на годината.

Важноста на развојот на вработените

“Единствено нешто што е полошо од обучување на своите вработени и потоа да ве напуштат е да не ги обучувате, а да останат во вашата компанија” – Хенри Форд, основач, компанија за моторни возила Форд.

Развојот на вработените значи максимизирање на талентите и способностите на вработените, истовремено помагајќи им да станат поуспешни и да растат во компанијата. Вработените со богат збир на вештини имаат поголема самодоверба и знаат како да се справат со нивните задачи и одговорности. Имањето поголема самодоверба го намалува стресот и им помага лесно да ги решат предизвиците. Генерално, добрите вештини помагаат да се создаде посилен и посреќен тим, што доведува до поголема продуктивност.

Axapta Masters организира многу различни активности како обуки, тим-билдинг и работилници за да им помогне на вработените да ги развијат своите лични и професионални вештини и да напредуваат во кариерата.

Совети за развој на вработените

Во овој дел ќе разгледаме неколку области за развој на вработените како и неколку практични совети за како менаџерите да го извадат најдоброто од вработените и да ги постигнат своите цели:

1. Идентификувајте ја потребата за спроведување на обука – да знаете од каде треба да започнете кога станува збор за развивање на вештините на вашите вработени може да биде најтешкиот дел. Разговарајте со нив, гледајте ги како работат и едноставно поставувајте им соодветни прашања кои може да ги покаже празнините во знаењето  и недостаток на вештини.

2. Избор на најсоодветни методи за обука – може да биде тешко да се постигне совршена рамнотежа помеѓу различни стилови на учење што би им се допаднале на сите. На пример, во методот 70:20:10, 70% од учењето се случува преку искуство, како што се секојдневните задачи, 20% се јавува преку разговори со други, како што се тренизни, а 10% се јавува преку традиционални курсеви за обука;

3. Тренирање – разговорите еден-на-еден со вашите вработени треба да се користат за да се затворат сите празнини во перформансите. Ваквите разговори ќе помогнат да се препознаат различни потешкотии и да се решат проблемите со работата.

4. Тим-билдинг активности – вежби може да ви помогнат да ја подобрите тимската работа и да ги откриете способностите и слабостите на вработените на забавен и ефективен начин. Ако одлучите да спроведите, бидите сигурни дека активноста што ќе ја изберете е соодветна за вашите цели.

Зошто личните вештини како презентациски и комуникациски вештини се важни и имаат влијание врз секојдневната работа?

Личните вештини се од суштинско значење за успех на работното место, бидејќи ви овозможуваат ефективна соработка со работодавачите, колегите и клиентите. Оние со големи интерперсонални вештини можат јасно да ги објаснат своите идеи и да ги слушаат другите. Тие исто така имаат позитивен став за работата, што е од суштинско значење за секоја успешна компанија.

Овој пат нашата колешка Ирина, не потсети зошто е важно секој вработен да знае како да се претстави себе си, основните работи за ефективна презентација и кои вештини за комуникација се најважни за клиентите и колегите.

„Покрај инвестирањето во техничките вештини на нашите вработени, ние исто така инвестираме во развивање на комуникациски вештини што му помагаат на секој вработен да го достигне својот целосен потенцијал. Тоа што сум таму како специјалист за човечки ресурси за да ги „потсетам“ на тоа во текот на работилниците и обуките значи дека денот поминал успешно.“- Ирина Кузевска, – специјалист за човечки ресурси и регрутирање.

Совети за успешна комуникација со клиенти, претпоставени и колеги

1. Јасно дефинирајте ги одговорностите и работните задачи;

2. Работете на градење и одржување на лични односи;

3. Решете го проблемот на нивото како што е создаден, не одете директно на највисоко ниво;

4. Информирајте ги претпоставените навреме за промени во случај на отсуство или проблеми што ги очекувате со јасни и прецизни причини.

3 чекори за ефективна само-презентација

1. Сумирајте ја вашата професионална работна позиција – првата реченица од себе-претставувањето треба да содржи име и работна позиција или работно искуство;

2. Елаборирајте ги вашите искуства и достигнувања – прилагодете го овој дел од воведот за да ги нагласите деталите што се релевантни за лицето со кое разговарате;

3. Завршете со вовед во следниот дел од разговорот – претставете се кратко и јасно и завршете со она што сакате да се случи следно.

Ефективна тимска работа и управување со стресот на работното место

Ирина, исто така, организираше работилница за ефективна тимска работа и управување со стресот на работното место и ни помогна со практични совети за справување со стресот на работа.

Секој што некогаш работел, во одреден момент, почувствувал притисок од стрес поврзан со работата. Дури и ако уживате во вашата работа, понекогаш може да биде стресно. Но, кога стресот поврзан со работата станува хроничен, може да стане огромен, предизвикувајќи физичка и емоционална штета.

Совети како да се справите со стресот на работа

1. Откријте што е стресно за вас и што е корисно;

2. Разговарајте со вашиот претпоставен;

3. Одвојте време за полнење на батериите;

4. Грижете се за вашето физичко здравје.

Ефективната тимска работа е важна не само за организацијата да успее, туку и за благосостојбата на луѓето.

Елементи на ефективна тимска работа

1. Отворена комуникација – тоа е кога сите страни можат да си изразат идеи едни на други, како на пример во разговор или дебата;

2. Јасни насоки и цели-SMART критериуми (специфични, мерливи, достижни, релевантни и временски ограничени);

3. Ефикасност – силен и кохезивен тим развива системи кои овозможуваат ефективна соработка за навремено извршување на задачите;

4. Поддршка – да се има силна тимска средина е од суштинско значење затоа што можете да си помагате и поддржувате едни со други за да ги подобрите вашите перформанси.

На крајот, можеме да сумираме дека главната цел на развојот на вработените е да генерира среќни вработени кои ќе обезбедат највисоко ниво на продуктивност и ќе произведат позитивна промена во функционирањето на организацијата.

Доколку сте заинтересирани да работите во компанија која нуди постојано надградување на вашето знаење и да бидете дел од тим со кој секогаш можете да ги постигнете вашите цели и задачи, Axapta Masters е вистински избор за вас.

Проверете ја нашата страна за кариера и отворените работни места и не двоумете се да аплицирате.

Содржината е преземена од блогот на Axapta Masters.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...