„Амазон“, „Епл“, „Гугл“ и „Убер“ го одложија враќањето во канцеларија

од 24HR

Светските технолошки гиганти масовно го одложуваат враќањето назад во канцеларија, „Амазон“ не планира враќање пред 2022 година.

Интернет гигантот „Амазон“ го одложи датумот за враќање во канцеларија до почетокот на следната година поради наглото зголемување на заразени со Ковид-19.

Вработените во оваа компанија во неколку земји првично требаше да започнат да се враќаат во канцеларија до 7 септември, но тој датум сега е преместен на 3 јануари 2022 година, соопшти компанијата.

По враќањето, вработените ќе мора да носат маски во канцеларија, освен ако не покажат доказ дека се вакцинирани, се додава во соопштението.

Овие промени, кои ќе влијаат на вработените што работат од канцеларијата, доаѓаат откако „Амазон“ ги повлече дополнителните мерки на претпазливост кога станува збор за вработените кои работат физичка работа.

„Амазон“, исто така, неодамна објави дека до крајот на јуни компанијата ќе престане да им нуди бесплатно тестирање на своите вработени затоа што тестовите и вакцините се широко достапни.

За потсетување, голем број големи глобални компании го планираа септември како период кога ќе можат да го вратат нормалното работење од канцеларија. Меѓутоа, сега, овие компании ги одложуваат тие планови поради зголемувањето на бројот на заразени со делта сојот на Ковид-19, а има и такви кои почнаа да бараат доказ за вакцинација за вработените кои сакаат да се вратат во своите канцеларии.

Една од компаниите што ќе го одложи враќањето во канцелариите е и „Гугл“, која сега го определи 18 октомври како датум за враќање иако претходно планираше да го направи тоа од 1 септември. „Убер“ објави дека нема да ги отвори своите канцеларии до 25 октомври, а „Епл“ исто така најави дека ќе го одложи враќањето барем за еден месец.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...