3 работи што мора да ги направите за да добиете унапредување

од 24HR

Непријатно е да се гледаат амбициозни луѓе кои работат напорно, мислејќи дека ги прават сите работи правилно, само за да бидат игнорирани кога ќе дојде денот за унапредување. Па што е тоа што го прават погрешно?

Сите ние сакаме да напредуваме и да градиме успешна, задоволувачка и профитабилна кариера. Промоцијата на повисоко ниво не само што ни го дава ова, туку таа претставува и формално признание дека ние сме навистина вредни и успешни поединци.

Токму затоа знае да биде непријатно кога амбициозни луѓе кои во секој момент очекуваат да бидат унапредени, понекогаш се заборавени од системот, дури и кога не прават ништо погрешно.

За да не се најдете и вие во една таква ситуација, еве што треба да направите за да напредувате и да бидете извонреден кандидат за секоја работа.

Напорната работа е неопходна, но не е доволна

Многу луѓе работат напорно. Ги гледате секој ден. Го носат тоа како почесна значка. „Погледнете колку напорно работам!“ е нешто што честопати ќе го чуете од најразличните воркохолци. Како некако тоа само по себе да создава вредност. Но тоа не е доволно.

Да, точно е дека треба да работите напорно, но што ако работите 60-70 часа неделно, секоја недела, а сепак не успеете да ги исполните вашите основни цели? Напорната работа брзо станува ирелевантна во сенката на недоволна изведба и неуспех.

За да се истакнете, мора да покажете дека можете да постигнете неверојатни резултати и да обезбедите извонредна вредност за вашата компанија. Ова значи фокусирање на вашата енергија на вистинските работи, така што вашата напорна работа ќе има најголем импакт.

Работете на вистинското ниво

Една од најчестите грешки што ја прават современите лидери на сите нивоа е прекумерната инволвираност во работните задачи на своите подредени. Кога некој не ја извршува својата работа онака како што треба, лидерот влегува и го прави тоа за него. Зошто? Затоа што тие го можат тоа. Бидејќи е полесно отколку да управувате со перформансите на индивидуа со слаб перформанс. Бидејќи е побрзо да ја завршите работата сами.

Без оглед на причината, ние се убедуваме дека водиме преку пример и секогаш ја завршуваме работата. Но, тоа е погрешно.

Ако не спроведете минимален прифатлив стандард за однесување и мерење на перформанси, вашиот тим ќе биде слаб и неговите перформанси ќе бидат одвај закрпени. Уште полошо, активностите што треба да се завршат ќе станат се повеќе зависни од вас.

Доколку сакате напредок, мора да барате вашите луѓе да се подобрат и да го пополнат вакумот што ќе го оставите кога ќе одбиете да ја завршите нивната работа.

Облекувајте се за работата што ја сакате

Очигледно, ова е метафора. За да им покажете на луѓето над вас дека сакате да бидете унапредени, тие треба да поверуваат дека ќе можете да се справите со барањата и условите на следното ниво.

Ова значи дека треба да размислите што всушност значи следното ниво. Престанете да гледате внатре и надолу и започнете да гледате горе и кон надвор. Ако само ја покажете својата способност за работата што ја извршувате во моментов, промовирањето ќе изгледа неизвесно. Вашите претпоставени ќе помислат дека можеби е подобро да се донесе некој однадвор кој веќе покажал успех на тоа ниво.

Откако ќе почнете да размислувате и зборувате на следното ниво, ќе можете да направите нешто што многу луѓе не можат – да додадете вредност во работата на вашиот надреден. Ова е промена што се случува кога ќе се преселите од обичен вработен во соработник од доверба. Секој работодавач сака вакви вработени.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...