Лојалноста на вработените не се добива – таа мора да се заработи

од 24HR

Дали знаете како се чувствуваат вашите вработени? Што мислат за својата работа? Со какви предизвици се соочуваат во приватниот живот? И на крај, секако, дали ја имате нивната лојалност?

Лојалноста на вработените лежи на крстосницата помеѓу инвестицијата на вработениот во организацијата и инвестицијата на организацијата во истиот тој вработен. Тоа значи дека и двете страни имаат по нешто дадат, но и по нешто да земат.

Интересот на секоја компанија е да има што е можно повеќе задоволни вработени и помал обрт на работна сила кој е најдобар знак за виталноста на одредена работна средина. Но, откривањето на тековното расположение на вработените не е доволен показател кој ќе ја покаже крвната слика на вашата компанија. Исто, како што не е решение и постојаното барање на фидбек од вработените, кога на крајот ситуацијата останува статус кво.

Лојалноста на вработените се поттикнува пред сè со меѓусебна доверба. За да се добие таа доверба, потребно е да им се покаже на вработените дека партнерството помеѓу компанијата, менаџментот и вработените навистина постои. Целиот овој момент се заснова на почит и правичност.

Вистинската лојалност на вработените доаѓа од нивната доверба и респект за компанијата во која работат. Менаџерите се клучната врска помеѓу интересите на вработените и интересите на организацијата. Тие се оние кои можат да ги усогласат двата интереси и да создадат мотивирачка работна средина што ја поттикнува лојалноста и задоволството кај вработените.

На крајот, лојалноста не се добива здраво за готово, туку таа мора да се заработи. За да изградите лојални вработени мора да создавате и одржувате силна врска со нив. Треба да ја развиете нивната доверба до тој степен што секој од нив ќе се идентификува со целите на компанијата. Ова може да го постигнете само со почитување на рамнотежата помеѓу индивидуалните и организациските цели.

Па, дали знаете како се чувствуваат вработените во врска со вашата компанија?

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...