Нови трендови за човечки ресурси во 2022

од 24HR

2022 година ќе биде исклучитечно важна година за професионалците за човечки ресурси – ова се 7те клучни трендови кои треба да ги очекувате.

Пред повеќе од сто години, Фредерик Тејлор со своето дело „Научен менаџмент“ ги постави темелите за современото управување со човечките ресурси. Во самата основа на неговата теорија за менаџирање со луѓе беше идејата дека работодавците треба да ги претворат своите работни места во психолошки лаборатории и да го мерат и надгледуваат секој потег на вработените за да ја зголемат нивната продуктивност и да го намалат нивото на стрес. Оваа теорија, која ја практикувале индустријалци од калибарот на Хенри Форд, доведе до бројни иновации во човечкото инженерство, со создавањето на линиите за производство и формули за оптимизирање на перформансите на работното место.

Денес, некои од најголемите и најуспешните компании како Alphabet (Google) и Microsoft ја зголемуваат употребата на науката за податоци, регрутираат експерти за организациска психологија и ја забрзуваат дигиталната трансформација за да постават системи и технологии за вештачка интелигенција и машинско учење за да го подобрат управувањето со човечките ресурси. Во светот на работното место кој сè повеќе и повеќе се развива, вреди да се размислува за трендовите во областа на човечки ресурси кои нè очекуваат во 2022 година и понатаму.

Вештачка интелигенција и машинско учење

Појавата на технологиите како што се вештачката интелигенција (AI) и машинското учење (ML) и огромниот број на податоци достапни за компаниите ќе им помогнат на професионалците за човечки ресурси да го насочат работниот тек на вработувањето, вклучително и пред-скрининг и онбординг. Овие технологии, ќе им овозможат на работодавцие да ги решат традиционалните недостатоци на регрутирањето, како што е пристрасноста при оценување на кандидатите.

За вработените, вештачката интелигенција и машинското учење можат да помогнат да се зголеми продуктивноста со постепено преземање на монотоните секојдневни задачи, така што вработените ќе можат да се фокусираат на покреативни и позначајни задачи.  

Преквалификација на вработените

Во една студија на Mercer, само 34% од лидерите за човечки ресурси изјавиле дека активно инвестираат во преквалификација на работната сила. Очекувањата се дека оваа бројка ќе се зголеми во следниот период бидејќи подготовката на вработените за работните места од иднината е веќе започната, а без соодветни вештини работодавците и вработените ќе имаат потешкотии да бидат агилни во неизвесната иднина.

Современата работна сила очекува промени и е подготвена да се прилагоди и да научи да биде подготвена за трендовите на иднината. Бизнисите мора да ја промовираат преквалификацијата за да им помогнат на вработените да се справат со надоаѓачките промени.

Анализа на човечките перформанси

Факт е дека организациите седат на златен рудник од податоци. Но, овие податоци без соодветен увид нема да нѝ бидат од никаква корист. Затоа, на компаниите им е потребна вистинска рамка, модел или експертиза за да се осигураат дека податоците добиваат значење, за кога ќе дојде вистинското време одлуките да се донесуваат врз база на податоци.

На професионалците за човечки ресурси, користењето на податоци за анализа на човечките перформанси може да им помогне да постигнат подобри деловни резултати и да го унапредат управувањето со работната сила. Со нивна помош, професионалците за човечки ресурси можат да создадат поефикасни системи, да развијат подобро искуство со клиентите и индиректно да придонесат за позитивно влијание врз финансиското работење на компанијата.

Искуството на вработените

Пандемијата на Ковид-19 им овозможи на деловните лидери да погледнат во личните животи на нивните вработени. Во изминатите две години, тие сфатија дека поддршката на вработените во целиот нивен живот, а не само на нивното искуство како вработени, може да влијае позитивно врз нивната способност за работа. Од таа причина, се очекува дека искуството на вработените ќе продолжи да биде врвен приоритет за професионалците за човечки ресурси.

Успешните компании ќе мора да го развијат чувството на припадност за да бидат сигурни дека имаат вработени кои се 100 проценти посветени на својата работа. Тоа го покажуваат и истражувањата кои покажуваат дека чувството на припадност не само што може да ја зголеми продуктивноста, туку може да биде и подобар мотивирачки фактор дури и од паричните награди. Статистиката покажува дека дека високото чувство на припадност ги зголемува перформансите на вработените за 56%, го намалува ризикот од обрт на работна сила за 50% и го намалува ризикот од боледување за 75%.

Обуки базирани на вештачка интелигенција

VR обуката ќе направи промена на играта на работното место. До 2022 година, вештачката интелигенција на пазарот за обуки на компаниите се проценува на 6.3 милијарди долари, а ако овој тренд продолжи, можеме да очекуваме обуките базирани на вештачка интелигенција да ги заменат традиционалните методи, особено во индустриите како што се малопродажба, осигурување, кориснички услуги и безбедност.

Работа од далечина

Глобалната пандемија ги принуди компаниите брзо да усвојат алатки и решенија за работа од далечина со цел да им обезбедат флексибилни опции за работа на своите вработени. Но, дури и пред пандемијата на Ковид-19, вработените ставаа големо значење на можноста за работа од дома. Истражувањето на FlexJobs од 2019 година покажа дека за 69% од вработените флексибилните модели на работа се еден од најважните фактори при изборот на работно место. Згора на тоа, 78% од работниците веруваат дека флексибилните распореди за работа ќе им овозможи да имаат поздрав живот, додека пак 80% од нив велат дека би останале полојални на својот работодавач доколку им го обезбеди овој бенефит.

Развој на меки вештини

Меките вештини кои се познати и како “power skills” се очекува да станат уште поважни во новиот свет на работата. Како резултат на постепеното автоматизирање на повторливите и монотони работни задачи, работодавците сега се фокусираат повеќе од било кога на меките вештини на кандидатите. Такви вештини се: способноста за решавање на проблеми, критичко размислување, комуникација и агилност за учење. Професионалците за човечки ресурси ќе треба да регрутираат кандидати кои освен што ги поседуваат вештините кои се потребни во моментот, ќе имаат и љубопитност и мотивација за постојано учење и стекнување на нови вештини во текот на нивната кариера.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...