Агилното управување е филозофија која најдобро ја нагласува тимската работа. Одделенијата подобро разбираат дека не се независни едни од други и дека секоја работа што ја прават треба да биде во меѓусебна комуникација.
Агилниот менаџмент е најзборуваниот, најинвестиран и најмногу следен модел на управување во деловниот свет. Благодарение на него, гигантските компании ширум светот успеваат да произведат производи и услуги за многу кратко време и без никаков застој. Оваа незапирлива деловна револуција, која започна во индустријата за развој на софтвер, сега е вклучена во нашите животи како нова норма за деловно работење и управување.
Едноставно започнавме да ги преиспитуваме начините за водење на бизнис во компаниите прашувајќи се како можеме да го сториме тоа уште подобро. Друго достигнување беше тоа што „перспективата ориентирана кон вредности“ започна да се решава при реализација на самите проекти.
Агилното управување е филозофија која најдобро ја нагласува тимската работа. Одделенијата подобро разбираат дека не се независни едни од други и дека секоја работа што ја прават треба да биде во меѓусебна комуникација.
Зошто се преферира овој тренд на управување?
Една причина е технологијата која се менува и развива толку брзо што агилноста стана една од алатките кои се користат за побрзо да се одговори на променливите приоритети како резултат на променливите потреби.
Со вклучување на клиентите во процесот, се гарантира дека ќе се најде најдоброто можно решение. Што е најважно, креативноста добива поголема важност и се создаваат нови проекти, деловни модели и пазари. Тука се вклучени и високо мотивираните креативни тимови.
Агилноста пристигна во HR и се шири со огромна брзина
Лесно се користи за различни индустрии, како и за секое одделение. Банкарскиот сектор, трговијата и телекомуникациите се најпопуларните сектори меѓу нив.
Методите на агилен софтвер се исти сами по себе, но поделени во различни под-гранки кои се разликуваат по своите процеси. Најпопуларен меѓу нив е SCRUM методот. Scrum е всушност збор кој потекнува од популарниот спорт рагби и истиот им е даден на малите тимови во играта. Овој метод е создаден во 90-тите години и денес е во фаза на постојан развој.
На прв поглед, тој е познат како модел на управување со едноставни правила. Најмногу се користи за управување со сложени проекти чии барања не се јасно дефинирани и се подложни на промени. Најважниот аутпут на процесот е процесот да биде транспарентен и да ги открие нарушувањата во него. На еден проект за агилно работење на кој учествував минатата недела слушнав дека многу компании го имплементираат овој начин на работа со години, а голем дел од нив постигнале успешни резултати во процесот на имплементација. На пример, познатата турска банка „Иш Банка“ има издвоено цел кат за агилни проекти, а проектните групи доаѓаат од различни оддели и работат само таму.
Во новиот технолошки и менаџерски свет, сметам дека агилниот стил на управување треба да биде испробан од сите компании.
За авторот:
Мине Алптекин е наш дописник од Истанбул, Турција со 20-годишно искуство во областа на човечките ресурси. Во моментов предава „Дигитални човечки ресурси“ на МЕФ и универзитетот Бахчешехир во Истанбул, а во исто време работи и како консултант за човечки ресурси. Мине смета дека човечките ресурси се неопходен сектор во секоја компанија. Особено во овој тежок период, улогата на човечките ресурси стана уште поважна. Поради ова, Мине ќе споделува предлози и идеи што ќе им помогнат на нашите читатели колку што е можно повеќе. Мине ќе пишува кратки статии со време за читање од 2 до 5 минути.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.