Работа од дома: Гаранција за продуктивни и задоволни вработени на долг рок

од 24HR

Пандемијата на Ковид-19 ја нормализира праксата за работа од дома во голем број компании. Флексибилното работење не само што стана опција за повеќето вработени, туку и ја подобрува нивната работа.

Денес, милиони вработени низ целиот свет имаат можност да работат од дома, а дел од компаниите сериозно размислуваат да ја продолжат оваа политика на долг рок.

За бенефитите кои ги носи работата од дома говори и едно 7-годишно истражување спроведено во кинеската туристичка агенција Ctrip кое можеби превиде колку би биле попродуктивни доколку не мора да патуваме секој ден од дома до работа и обратно. Всушност, би се подобриле за 13%.

Во 2013 година, професорот Николас Блум кој предава на универзитетот Стенфорд ја истражуваше продуктивноста кога се работи од дома во Ctrip, туристичка агенција со 16.000 вработени во Кина. Студијата откри дека од 1.000 вработени кои волонтирале во истражувачкиот проект, повеќето од нив забележале значителен пораст на продуктивноста кога работеле од дома четири дена во неделата.

Студијата покажа дека овие вработени биле за 13% попродуктивни од своите домашни канцеларии.

Дали HR-от е подготвен за хибриден модел на работа?

Од тие 13 проценти, околу 4% се должат на вработени кои биле во можност да сработат повеќе работни задачи во минута благодарение на намалените дистракции. Останатите 9% се резултат на тоа што одредени вработени работеле повеќе минути во една смена.

Трајна политика за уште подобри резултати

Како резултат на студијата, Ctrip воведе опција за работа од дома за цела компанија, дозволувајќи им на вработените да работат од дома или во канцеларија. Во периодот што следеше, повеќе од половина работна сила на компанијата се префрли на работа од дома, а Ctrip забележа скок на продуктивноста за 22% кај оние што избраа да работат од дома – скоро двојно повеќе од наодите во првата студија.

Дополнително, кај вработените кои работеле од дома е забележано подобрено задоволство од работата и стапката на обрт кај истите е преполовена.

Сепак, работата од дома не функционира на ист начин за секоја компанија. И во Ctrip, таа беше имплементирана под посебни околности, каде што опцијата беше достапна само за оние кои немаат деца, имаат посебен простор за работа и брз интернет.

На многу други компании ќе им требаат вработени кои ќе работат на лице место бидејќи тоа им го наложува природата на самата работа. Децата можат значително да влијаат врз продуктивноста на вработените кога работат од дома, а за повеќето оддалечени позиции е потребна стабилна и брза интернет врска.

Зошто работата од дома не функционира за сите

Понатаму, работната средина во домот може да има големо влијание врз перформансот на вработените бидејќи тешко е да се биде продуктивен ако условите за живеење во домот се далеку од идеални. Запомнете дека во студијата на Блум вработените имаа личен простор за работа во рамките на својот дом. За многумина, тоа едноставно не е случај.

Повеќе предности отколку недостатоци

Но сепак, добрите ги надминуваат лошите страни, смета професорот.

„На долг рок, бенефитите се големи. Замислете: 20% од нашите работни денови ги работиме од дома. Тоа значи 20% помалку патувања до работа. Ова е можност да живееме подалеку од центарот на градовите, да ги реорганизираме нашите животи и да имаме тивко спокојство. Затоа сметам дека бенефитот е голем“, истакна тој.

Од 2013 година, пристапот до брз интернет се подобри во целиот свет, а коронавирусот помогна да се нормализира концептот за далечинска работа со тоа што работата од дома стана опција за многу вработени.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...