Бесплатен вебинар: Ангажираност на „раздвоени“ тимови – со Сергио Теодосиу и Маја Комраков

од 24HR

Регистрирајте се за бесплатна онлајн сесија и вебинар на тема „Ангажираност на ‘раздвоени’ тимови“ со Сергио Теодосиу – Лидер за Тим билдинзи и Корпоративни настани во компанијата ASCENDIS и од Маја Комраков експерт за АНГАЖИРАНОСТ НА „РАЗДВОЕНИ“ ТИМОВИ.

Денес ХР експертите и стручњаците за човечки ресурси се среќаваат со нов предизвик – како да ја одржат и унапредат ангажираноста на своите вработени во овие нови „ХИБРИДНИ” услови на работа, кога ситуацијата околу враќањето на своите работни места сè уште е нејасна…

Живеејќи во еден корпоративен свет на доминантни деловни структури од глобални размери, секојдневно се соочуваме со многу предизвици. За една компанија да може да обезбеди оптимален развој, одржливост и ефикасност, а притоа да остане креативна во својата работа – потребно е вработените од секторот за човечки ресурси да бидат постојано во тек со нови знаења, случувања и трендови на пазарот.

Во текот на 2020 година, ХР експертите и стручњаците за човечки ресурси беа и сè уште се изложени на голем број нови предизивици кога е во прашање ангажираноста на вработените поради новонастаната ситуација со КОВИД-19, каде драстично се промени текот на извршување на активностите на вработените на своите работни места.

Претходните 6 месеци, вработените од ХР главно беа преукупирани да ги оспособат вработените како да се прилагодат на новонастаната ситуација, а веќе денес се среќаваат со нов предизвик – како да ја одржат и унапредат работата на своите вработени.

За таа цел, компанијата ASCENDIS – која е регионален лидер во нудење на услуги за развој на вработени, од 2020 има своја канцеларија во Скопје. По тој повод, компанијата ASCENDIS организира бесплатана онлајн сесија и вебинар на тема – АНГАЖИРАНОСТ НА „РАЗДВОЕНИ“ ТИМОВИ, која ќе се одржи во вторник, 29.09 во 14:00 часот, за сите преставници од регионалните ХР заедници.

За овој проблем и многу други и како да се изнајде начин за решавање, ќе ни помогнат и ќе имаат прилика сите што ќе се приклучат на настанот да слушнат директно од Сергио Теодосиу – Лидер за Тим билдинзи и Корпоративни настани во компанијата ASCENDIS и од Маја Комраков експерт за АНГАЖИРАНОСТ НА „РАЗДВОЕНИ“ ТИМОВИ.

Учесниците на онлајн сесијата и вебинарот ќе имаат прилика да дознаат кои мерки за зголемување на работниот ангажман на вработените даваат резултат и како да се организираат во блиска иднина, низ практични примери кои компанијата ASCENDIS ги има стекнатно во пракса работејќи со клиенти низ целиот свет.

РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ за бесплатна онлајн сесија и вебинар на следниот линк: https://rte.ascendis-adria.com/

Придружете им се на Сергио и Маја на 29.09 во 14:00 часот и дознајте како вие како ХР стручњаци и професионалци можете „НА ЗАБАВЕН НАЧИН“ да ги потикнете своите вработени!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...