Ви го претставуваме ВИТА ИНСТИТУТ, во рамки на кој е формирана првата Академија за Employer Branding!

од 24HR

Еден од најновите проекти на ВИТА ИНСТИТУТ е регионалната Академија за EMPLOYER BRANDING, која претставува единствена ваква академија во земјата, која нуди напредни вештини за менаџмент со човечки ресурси и employer branding.

Мисијата на ВИТА ИНСТИТУТ е да обезбеди целосна професионална поддршка на компаниите да ги изградат своите капацитети преку воспоставување на системи за управување со човечките ресурси, дигитализација на процесите, како и преку развој на лидерството во компаниите и развој на организациската култура.  

Тимот на ВИТА Институт го сочинуваат докажани HR експерти и сертифицирани коучеви, како и подеднакво успешни партнериски организации.

Оснивач на ВИТА ИНСТИТУТ  е м-р Христина Лозаноска, експерт за организациски развој и коуч за развој на менаџери и лидери. Христина има долгогодишно искуство во оперативен менаџмент со човечки ресурси, а како сопственик на институтот ВИТА, е клучен консултант за воспоставување системи за управување со човечки ресурси во компаниите, и бизнис коуч за развој на менаџери и лидери. Христина е оснивач на Македонската асоцијација за човечки ресурси и нејзин претседател од 2012-2018 година.

Експертизата на ВИТА ИНСТИТУТ е понудена во следните области:

HR системи

Воспоставувањето на HR системи ја следи методологија на интеграција на HR процесите во оперативен HR модел, преку севкупно поставување и интегрирање на модерни практики во менаџментот со човечки ресурси. Заради овозможување на дигитализација и одржливост на HR процесите ВИТА Институт  соработува со компанијата PrymApps,  за имплементација на HR софтвер „FledgeHR” клауд базиран специјализиран софтвер за HR, како инфраструктура прилагодена на нивото на развој и обемот на секоја  компанија.

Развој на лидерство и Бизнис коучинг

ВИТА Институт работи на креирање на лидерски модел преку кој се нуди проценка и развој на лидерите и менаџерите во компанијата. Воедно, понудени се лидерски програми и бизнис коучинг за менаџери, за зајакнување на лидерските и менаџерските компетенции на поединците, како и за развој на високопродуктивни тимови и организации. Коучингот  може да се практикува на индивидуално ниво, како тим, компанија или комбинирано. Коучингот како методологија се препорачува за личен и професионален развој во динамичен контекст. Коучинг сесиите се концентрирани на следните теми: зајакнување на лидерството, комуникација, разбирање на вредностите и култура, емоционална интелегенција, менаџирање со различнстите, промоција на креативноста и иновативноста, менаџирање со промените, справување со стресот и тн…

Развој на организациска култура

ВИТА ИНСТИТУТ врши дијагностика на организациската култура и откривање на до 210 бизнис сигнали, преку врвната  „people”  дата аналитика „Quintaum Мethodology“, развиена од страна на партнерската компанија од Словенија, Third Millennium Knowledge.

За креирање на посакуваната организациска култура понудени се програми за добросостојба, развој на вредности и лично лидерство. „ Програмата на ВИТА“ e насочена кон градење на позитивна работна атмосфера и градење на заедничка свест за доборосостојбата и деловна етика, како основа за совладување на деловните потфати. Постулатите на програмата се Ериксон Коучинг и НЛП методологијата и

Академија за EMPLOYER BRANDING

Еден од најновите проекти на ВИТА ИНСТИТУТ е регионалната Академија за EMPLOYER BRANDING, која претставува единствена ваква академија во земјата, која нуди напредни вештини за менаџмент со човечки ресурси и employer branding. Академијата нуди уникатен пристап, комбинирајќи „masterclass„ предавања за напредни знаења за менаџмент со човечки ресурси и еден на еден сесии за менторство / коучинг на учесниците.

Главната цел на академијата е да им овозможиме на учесниците и компаниите да градат компетенции и експертиза потребни за решавање на главните проблеми со брендирањето на работодавачот и развојот на потребните практики за управување со човечките ресурси и како резултат да спроведат нови политики и процедури во компаниите со цел да привлечат, мотивираат вработени и да ги задржат талентите што е основна улога на модерниот HR менаџмент.

Во тек е формирање на новата група на Академијата за EMPLOYER BRANDING, повеќе инфо тука:

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...