Вработените сакаат добар ментор!

од 24HR

Прва колумна на Марија Ковачи, Менаџер за човечки ресурси во Sara Fashion.

Сара Фешн е успешна организација која повеќе од 20 тина години е присутна на нашите простори, а во моментот има продажни места во Србија и тенденција франшизно да се шири и во други земји.

Сара Фешн брои повеќе од 230 вработени и во 21 век урива стереотипи и стандарди во поглед на родовите улоги во општеството, нивна поставеност во бизнис секторот, но и финансискиот дел во поглед на егалитет во примањата.

Имено, со гордост можеме да изнесеме факти дека во високиот менаџерски тим процентуалната застапеност на жените е  43%, а вкупната застапеност на жените е 85%.

„Задоволство е на работа кога континуирано гледам професионално реализирани колеги кои во исто време одговараат на многуте социјални улоги кои ги имаат во општеството, без разлика дали се родители, само партнери или се грижат за своите старатели дома. Разликите не ги осудувам и сметам дека секој избор на личноста треба да се разбере и почитува„- вели Марија.

Еднаш ми поставија прашање „Дали е тешко да се работи со жени?

Личноста со сите свои карактеристики не познава родов идентитет како предуслов за подобра или напротив полоша соработка. Кога работата е тесно поврзана со луѓе, секојдневно се соочувате со ситуации и секоја има своја тежина а тоа не зависи од еден параметар. Можам да посочам дека „фамозната„ комфор зона и нејзината инхибиција за развој, промена и освојување на нови предизвици му штети на секој поединец. Но треба да имаме во предвид дека и тоа е личен избор, така што секој од нас носи свесни одлуки и ги поставува своите граници.

Генерално, настрана од структурата на работни места, описите, компетенциите или KPIs, вработените сакаат предизвици и работни цели, сакаат да видат исход или резултат од своето работење, едноставно вработените сакаат да успеат. Предизвик за една организација е да умее во соработка со лидерите како раководни лица да најде соодветен пристап во организација на работата, внимателно да постави цели и да ги реализира истите со своите тимови.

Во превод, вработените сакаат добар ментор!

Критериум за успех е да имате добра стратегија на развој на внатрешен потенцијал со кој располага организацијата и да умеете да поставите добар систем на проценка на нивоа на компетенциски рамки за да потоа ги развивате преку развојни програми но најмногу во работата со солидни ментори-лидери како столбови во секој сектор. Кога сме кај менторите, луѓето сакаат соодветен ментор кој ќе одговори на нивните работни потреби. Често сме актери во групна комуникација за промени, но промените треба да почнат од прв ред, од нас самите. Успехот во таа релација е исход на кој му претходи една одлично воспоставена соработка со взаемна поддршка и учење, внимателно поставена група на цели и еден систем на следење и континуиран фидбек со луѓето во вашиот тим.

Не сте успеале само ако сте ги исполниле зададените цели а притоа сте направиле burnout ефект или сте скокнале важни сегменти како давање рекогниција на секој вработен за сработеното и соодветно наградување за истото. Исто така, важна улога имаат објективноста, доследноста на однесувањето на менторот, како и секое однесување кое ќе иницира и одржи взаемна доверба и почитување во тимот. Однесувањето на менторот директно се рефлектира и има влијание дури и врз начинот на работа, темпото на работа, културата во организацијата и сл. Затоа, од особена важност е преку добри ментори да произведете добри кадри, а со тоа и вашите вработени да добијат развојна патека во организацијата во која работат.

Имено не дозволувајте да заборавите дека работите со луѓе! Често знам на моите колеги да им посочам, почитувајте ги и прифатете ги разликите помеѓу вас, разберете ги од перспектива на другиот, не од своја. Секој од нас е различен и сечија перцепција на нештата е водена од субјективен систем на вредности, ставови, мислења, верувања и моментално присутна емоција. Негувајте ги и сплотете ги сличностите помеѓу вас, тоа го јакне заедништвото и прави кохезија во тимот.

Исто така, знам да кажам луѓето наместо вработените, тоа е поместување на границите на она што вие сакате да го видите. Не сметам дека приватните проблеми остануваат дома како предмет кој го оставате дома и доаѓате на работа празни. Баш напротив, вашите вработени се луѓе а потоа вработени и доколку има нешто силно кое во миг вниманието и мислите ќе им ги земе целосно, тие не се присутни до вас, освен физички. Проценете кога треба да бидете пријател и понудите поддршка, разбирање и помош, макар и непотребен разговор или дружба после работниот ден, запомнете, колегата до вас не е само вработен. Позитивната релација и меѓусебната довербата која ќе ја стекнете во тимот ја олеснува секоја работна задача.

На вработените им треба објективен ментор кој креира позитивна работна атмосфера, поседува и пренесува знаење, поставува и почитува правила, дава јасни насоки, внимателно поставува цели, оддржува соработка и мотивирајќи го тимот се фокусира кон навремено реализирање на работните предизвици. Кога ова е поткрепено со една релација во која се негува взаемно разбирање, доверба, почит, професионализам и интегритет, успехот е неминовен.

„Биди промена која сакаш да ја видиш во другите, моделирај се себе и гледај како се менува однесувањето на другите околу тебе„ Себството е поле без граници гладно за развој доколку е поткрепено со силен мотив. Затоа, напревете промена кај себе, најдете начин, поставете си цел и неуморно работете на се што можете да подобрите. Восхитувајте, пленете со вашето однесување, бидете пример, мотивирајте, ширете позитивна енергија и внимавајте, може лесно да покажете нешто што во идно време ќе го добиете од другите.“ – Марија Ковачи

За авторот:

Марија Ковачи е Дипломиран психолог (Филозофски Факултет, отсек Психологија) и системски семеен советник со искуство околу 5 години во менаџирање на човечки ресурси. Пасијата за работа со луѓе ја носи долго време и ја сака својата професија. Таа е човек кој ја сака слободата на избор, се бори за се што верува дека е исправно и вредно, се бори за еднаквост и цврсто верува во тоа дека секој човек има свое место во светот и потенцијал да направи промена и остави зад себе траг. Потекнува од музичко семејство, ја сака музиката и освен љубовта кон HR негува емоции кон клавирот и пеењето како хоби. Ја импонира добра книга која и ги разбранува мислите но воедно е и љубител на природата и активен спортист.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...