24HR се приклучува кон хуманата иницијатива за помош на Слободан Попоски – Цобе за кого итно треба да се соберат 50.000 евра за операција.
Слободан Попоски веќе 10 години се бори со остеодарком, немилосрдна болест на која Цобе, како што го нарекуваат најблиските, храбро ѝ се спротиставува и покрај двете неуспешни операции.
Тој самиот на страницата gofundme.com повика за помош од сите добронамерни луѓе за следната операција која што чини 50.000 евра, а кои семејството на Цобе не е во можност да ги обезбеди. Сите години поминати во лекување и борба против подмолната болест, го чинеле Цобе многу пари. Триесет и осумгодишниот Цобе има сопруга и 5-годишна ќерка.
Број за донација преку операторот A1: 143-463
Сметка за донација:
Донација од Македонија: Трансакциска сметка 200003505609092 Стопанска Банка АД Скопје
Донација од странство во евра: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје
IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR SWIFT CODE: STOBMK2X
Цел на дознака: Донација за Слободан Попоски
Линк за донација gofundme: https://www.gofundme.com/f/jay7xw-medical-treatment
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.