На неговото мени се најдоа вкусни јадења како спанаќ и моцарела, рататуј и шпагети болоњезе, а Тобиас вети дека ќе го повтори ова и за новите вработени кои успешно ќе се вработат на Деновите на отворени врати кои се одржуваат на 7 и 8 јули во просториите на Teleperformance и на 9 јули онлајн.
За една компанија знаете дека вие како вработен сте важни кога директорот ќе одлучи да издвои дел од своето време и да ве изненади со вкусен ручек за време на вашата пауза.
Тоа се случи изминатиот петок во македонското претставништво на Teleperformance, глобална компанија за кориснички услуги во која моментално работат повеќе 300 вработени.
Директорот на компанијата Тобиас Милер, кој веќе втора година живее во Скопје, реши да ги покаже своите кулинарски способности и да ги изненади вработените со вкусна храна која тој лично ја приготви во кујната на Teleperformance.
На неговото мени се најдоа вкусни јадења како спанаќ и моцарела, рататуј и шпагети болоњезе, а Тобиас вети дека ќе го повтори ова и за новите вработени кои успешно ќе се вработат на Деновите на отворени врати кои се одржуваат на 7 и 8 јули во просториите на компанијата.
За тие што се надвор од Скопје, на 9 јули Teleperformance организира и виртуелен ден на отворени врати за кандидати од цела Македонија кои сакаат да работат од дома.
На тие што доволно добро го познаваат германскиот јазик, уште веднаш ќе им биде понудено работно место со најатрактивна плата и одлични услови за работа.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.