Значајна придобивка од Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ е употребливата вредност на знаењето со кое се стекнав

од 24HR

Интервју со Илина Мојсовска, талент менаџер во Slice, за нејзиното искуство од учеството на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ.

Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ обезбедува солидна основа која ќе ви помогне да развиете уникатна стратегија за Employer Branding и привлекување и задржување на врвни таленти во вашата компанија. Денес, 24HR разговараше со Илина Мојсовска, талент менаџер во Slice, која ни откри повеќе за бенефитите од самата академија и што е тоа што таа го применила во својата организација, а го стекнала како знаење од страна на предавачите и менторите кои стојат позади истата.

Какви се твоите лични придобивки од учеството на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ? По што беше уникатно ова искуство?

Академијата на ВИТА институт понуди навистина врвни предавачи, ментори и експерти во областа на човeчки ресурси кои несебично го споделија своето знаење и време преку екстензивни и одлично осмислени предавања, вежби, менторски и коучинг сесии.

Исполенети се моите очекувања од академијта кои беа да се стекнам со обем на теоретско знаење апсолвирани преку интересен сет на вежби со практични, кокретни примери и активна партиципација од секој учесник.

Презадоволна сум од работата со мојот ментор Стефан Јовановски со кој имавме продуктивни и инспиративни дискусии и дебати. На менторските сесии споделивме различни искуства, трендови во менаџмент со човечки ресурси, го дизајниравме планот за имплементација на Employer Branding стратегијата. Што вклучува: проценка на моменталната состојба на компанијата, кои се предизвиците со кои се соочуваме, што е применливо за нас, дефинирање на целите, дефинирање на employee value proposition (EVP), методи и канали за промоција и employer branding метрики и мерливост на успехот.

Во рамки на академијата исто така имав можност да работам со Христина Лозаноска која ме водеше низ коучинг процес со инспиративни коучинг техники кои ми помогнаа да ги доразвијам комуникациаксите, интерперсонални и лидерски вештини како би била подобар тим лидер, ментор и професионалец. Се стекнав ново знаење за аспекти на менаџментот со перформанси, разрешување на конфликти, тимски менаџмент и ефективни фидбек техники.

И што е тоа што во Slice го воведуваш сега како резултат на новите сознанија и работата со менторите?

Започнав да работам на дефинирање на employee value preposition(EVP) преку креирање на прашалници, работилници и еден на еден сесии со самите вработени во компанијата. Со прашања зошто е добро да се работи во Slice, кои се бенефитите кои ги нудиме, по што се разликуваме и зошто сме уникатни, каков талент сакаме да привлечеме и како да ја раскажеме нашата приказна.

Овој процес резултира со развивање на уникатен профил на кандидат и адаптирање на самата стратегија за регрутација и селекција. Демографија, интереси, образование, мотивација, круциални вештини за бизнисот, нашите идни вработени не евалуираат преку нашиот дигитален футпринт многу рано во процесот  и токму за тоа мора да бидеме и да останеме релевантни и автентични во градење на препознатлив бренд.

Во процесот на креирање на Employer Branding стратегијатa се соочив со многу идеи кои што отворија нов наратив и ми помогнаа да ја препознаам важноста на сите компоненти и ЧР процеси за градење на значајни и иновативни стратегии и политики.

Она што особено ми остави впечаток е фокусот на искуството на вработените “employee experience” кои прави промена од „process thinking“ на „experience thinking„ и бара еден мултидисциплинарен пристап каде се конвергираат повеќе сегменти како ЧР, ИТ и маркетинг и со брзиот развој на технологијата на data science потребно е да инвестираме во градење на нови вештини и да воведеме индивидуализиран пристап и рехуманизирана култура која е центрирана на вработените и на кои ке им се понудат избори: како, кога и каде сакаат да работат, да се едуцираат и да бидат продуктивни и како да ги синхронизираат личните цели со професионалната работа.

Верувам во неограничената способност на секоја индивидуа за континуирано учење и развој кои водат кон позитивни промени и ова за мене е особено значајна придобивка од Академијата за Employer Branding и знаењето со кое се стекнав веќе го имплементирам во компанијата.

Откријте ги тајните на успешниот Employer Branding со ВИТА ИНСТУТИТ!
Резервирајте го вашето место на +389 76 202 250
http://vitainstitut.com/mk/employer-branding-academy/

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...