Зошто луѓето од технолошкиот свет преферираат интервју со техничко лице?

од cedo

Дури 96 проценти од вработените во технолошкиот сектор сметаат дека регрутерите не се доволно добри во проценката на потенцијалните кандидати за вработување. Мнозинството (66%) од нив сметаат дека технички лица би завршиле многу подобра работа.

Главната причина зад скептицизмот кај вработените во оваа индустрија е всушност искуството на регрутерите. Тие сметаат дека регрутерите не се доволно квалификувани за да ги проценат техничките способности на кандидатите бидејќи голем дел од нив не доаѓаат од технолошкиот свет, се наведува во најновиот извештај на Blind.

Од друга страна, tech професионалците сметаат дека токму тие ќе завршат подобра работа бидејќи точно знаат какви вештини се неопходни за работата.

Инаку, голем дел од технолошките компании се свртеа кон вештачката интелигенција (AI) како решение за побрз и помалку пристрасен процес на регрутација.

Така на пример, IBM ја лансираше својата Watson Recruitment програма за отстранување на пристрасноста во процесот на регрутирање. Слично решение имплементираше и CareeerBuilder користејќи AI за проценка на вештините на кандидатите.

И додека користењето на вештачката интелигенција за регрутирање има свои предности, како што е впрочем можноста за брзо и точно анализирање на големи количини на податоци, истражувачите го задржаа својот фокус на традиционалниот начин на вработување.

Па така, една корисна тактика која беше исто така анализирана од нивна страна е и програмата за препораки. Според нив, иако професионалната заедница обично гледа со резерва на програмите за препораки (бидејќи многу често се случува вработените да препорачаат кандидат благодарение на неговата репутација, наместо врз база на неговите вештини), сепак, податоците покажуваат поинаку.

Скоро три четвртини (74%) од испитаниците во истражувањето се изјасниле дека немаат проблем да препорачаат кандидат кој немале можност да го запознаат лично, се додека тој ги поседува неопходните вештини и квалификации.

Со оглед на ниската невработеност индустријата, препораките остануваат да бидат релевантни како опција, како за регрутерите, така и за потенцијалните кандидати за вработување.

 

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...