Интервју со Филип Петровски – Дата архитект, ко-основач на компанијата Дата Мастерс и еден од македонските говорници на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР.
Агилен HR, data-driven HR… ова не се само buzzwords туку новата реалност пред која ќе бидат исправени HR одделенијата и организациите на иднината. На 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси која ќе се одржи на 3ти и 4ти декември 2020 година, ве очекува и една таква презентација од предавачот Филип Петровски кој ќе зборува на темата “Data driven HR: The fast track to agile HR”.
24HR како главен медиумски покровител на настанот поразговара со Филип Петровски кој ни откри каква е поврзаноста помеѓу човечките ресурси и податоците и зошто HR професионалците треба да ги носат своите одлуки базирани на бројки.
Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?
Проактивниот и агилен HR е еден од основните фактори за успех во една компанија. Градењето на соодветна култура и начин на размислување во компанијата и помагањето на луѓето да се идентификуваат со вредноста на компанијата е наш секојдневен предизвик. Бидејќи работам во консултантската индустрија, нашиот раст и успех се строго поврзани со индивидуалниот раст на нашите колеги. Јас навистина верувам дека за да растеме и учиме, треба да ги усвоиме најновите HR принципи и да бидеме целосно проактивни во сè што правиме.
На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Ние целиме кон тоа да станеме агилни, не само во нашето секојдневно работење, туку и да градиме агилна HR култура. Нашиот начин е комбинирање на човечките ресурси со она што го правиме, а тоа е Data Science и Advanced Analytics, така што темата на конференцијата ќе биде насочена кон користење на податоците за поуспешно и попрецизно донесување на одлуки, следење на перформансите и стратегии базирани на податоци што треба да биде дел од секоја организација во денешно време.
Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Моето лично очекување е да разберам што е ново во областа, како и секогаш да научам за најновите практики од говорниците и, конечно, да споделам како податоците може да испорачаат одлични резултати во организациите.
Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.
24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.