Познатиот шведски ланец за мебел ИКЕА ќе го вработи својот прв Chief Play Officer – позиција која е строго отворена само за деца на возраст од 4 до 12 години.
Во необичниот оглас за работа во ИКЕА, објавен на LinkedIn, е наведено дека избраниот кандидат ќе биде одговорен за тестирање на нови играчки пред тие да бидат пуштени во продавниците на ИКЕА низ Велика Британија и Ирска, осигурувајќи се дека тие се соодветни за децата за кого се наменети.
Работата е со скратено работно време и ќе се извршува од дома, а оваа иницијатива на ИКЕА е дел од тековната мисија на компанијата да поттикне игра и креативност во домот.
Потегот доаѓа откако едно ново истражување откри дека во просек децата трошат 254 часа помалку на игра отколку нивните родители на иста возраст.
Згора на тоа, скоро три петтини (59% проценти) од децата во моментов играат помалку во споредба со времето за игра во периодот пред пандемијата, додека три четвртини (74 проценти) од родителите изјавиле дека забележале промена во расположението на нивното дете.
За родителите кои го читаат ова размислувајќи дали нивното дете е можеби вистинскиот кандидат за позицијата, еве ги сите детали кои ги содржи огласот на ИКЕА.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.