Работата од дома носи многу поголеми предизвици од работата во канцеларија, како во однос на тимската работа работа, така и во однос на безбедноста. Недостатокот на интеракција лице в лице и потешкотиите со различните форми на електронска комуникација може да ја отежнат работата на тимовите и деловните процеси, а со тоа и целокупното функционирање на компаниите во иднина.
COVID-19 ја започна најголемата виртуелизација во деловниот свет. Организациите, тимовите и поединците мораа преку ноќ да се прилагодат на новиот нормален начин на работа. Од средината на март 2020 година, повеќе од 90% од работната сила во светот беше приморана да работи од дома, додека според податоците од истражувањето State of Global Workforce, во 2019 година само 20% од вработените работеле од далечина. Клучното прашање во овој момент е како ќе изгледа начинот на работа во иднина?
По повеќе од два месеци работа од дома, бројни анализи покажуваат дека главните предуслови за безбедно и непрекинато работење се:
1. Трансформација на организациската култура и прилагодување кон новонастанатата состојба
2. Подигнување на степенот на безбедност со примена на нови безбедносни решенија
3. Адаптација на технолошки решенија за соработка
Работата од дома носи многу поголеми предизвици од работата во канцеларија, како во однос на тимската работа работа, така и во однос на безбедноста. Недостатокот на интеракција лице в лице и потешкотиите со различните форми на електронска комуникација може да ја отежнат работата на тимовите и деловните процеси. Од друга страна, точната имплементација на решенијата за соработка се покажаа како клучни за решавање на ваквите недостатоци на новиот начин на работа. Првенствено, зборуваме за решенија за виртуелни состаноци кои вклучуваат организација, снимање и транскрипција на состаноците, како и решенија за тимска соработка што ќе им обезбеди на сите членови на тимот увид во реалната состојба на проектите и поврзаноста.
Ова е заклучокот од истражувањето на компанијата Freeform Dynamics во кое беа опфатени повеќе од 1.500 лидери во ИТ индустријата. За непречено продолжување на работењето, неопходно е на вработените да им се обезбедат технолошки решенија кои ќе им овозможат интерактивна работа од различни локации.
Работите веќе никогаш нема да бидат исти
Работата од далечина е само почеток на долгорочните трендови кои ќе ја обликуваат иднината на бизнисот. Природата на работата се менува, а вработените сакаат поголема флексибилност која подразбира интеграција на корисничко и тимско искуство без оглед на тоа дали работат од канцеларија или од дома.
Иако компаниите полека ги отвораат вратите од своите канцеларии, новиот начин на работа донесе многу придобивки: зголемена продуктивност на вработените, отпимизација на трошоците, деловна агилност и флексибилност која на вработените им одговара повеќе отколку фиксното работно време.
Така на пример, дури 87% од вработените веруваат дека работата од дома и онлајн комуникацијата придонеле за подобро поврзување со колегите и поголема вклученост во процесите и културата на компанијата. 54% од вработените сакаат да продолжат да работат од дома, додека 75% од нив преферираат да работат повремено во канцеларија и повремено од дома.
Иднината е сега
Новата состојба бара прилагодување од сите работодавци, без оглед на големината на компанијата. Иако овие придобивки не можат да се препишат само на напредните можности за работа, факт е дека виртуелните тимови и алатките за онлајн соработка значително помогнаа да се остварат подобри резултати, комуникација и продуктивност.
Размислувајќи за пост-пандемискиот период, многумина веќе знаат дека иднината на работењето треба да биде комбинација од најдобрите елементи од новиот и традиционалниот начин на работа со обезбедување на максимална флексибилност во рамките на бизнисот или индустријата.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.