Наскоро ќе дознаеме кој ќе биде HR Менаџер за 2019, Млад HR ентузијаст за 2019, како и која е најдобрата HR пракса во годината што измина.
Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) го најави долгоочекуваниот настан за доделување на најпрестижните признанија од областа на човечките ресурси – Годишните HR награди.
На настанот кој ќе се одржи на 20 октомври, со почеток во 17 часот, во Јавна Соба, МАЧР ќе ги открие имињата на добитниците на награди во следните три категории:
- HR Менаџер за 2019 година
- Млад HR ентузијаст за 2019 година
- Најдобра HR пракса за 2019 година
Во текот на следната седмица ќе бидат споделени повеќе информации за настанот, како и за начинот на пријавување за сите заинтересирани.
Изборот за најдобар HR Менаџер на годината за прв пат се организираше во 2014 година, а оттогаш МАЧР традиционално ја доделува оваа награда на денот на одржување на најголемата меѓународна конференција за човечки ресурси во земјава.
Целта на овие награди е да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветените професионалци и организации кои направиле особен придонес во делот на управување со човечките ресурси.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.