Интервју со Боб Мортон – Претседател на Светската федерација на асоцијации за менаџмент со луѓе и еден од говорниците на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР.
Од 3. до 4. декември 2020 година Македонија, овојпат виртуелно, ќе биде центар на HR случувањата бидејќи Македонската асоцијација за човечки ресурси ја организира својата 12-тата меѓународна HR конференција на тема: „Организации способни за иднината: Проактивни човечки ресурси“.
Конференцијата ќе има чест да ја отвори Боб Мортон, Претседател на Светската федерација на асоцијации за менаџмент со луѓе, кој ќе говори за „Иднината на работата и човечките ресурси“.
24HR како главен медиумски покровител на настанот поразговара со Боб Мортон за да ви откриеме што сè ве очекува на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси.
Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?
VUCA светот во кој живееме забележа промени во организациите и природата на работата со темпо коешто не можевме да го сонуваме на почетокот на годината. Во овие невидени времиња, две функции се издигнаа за да нè водат во процесот на транзиција, а тоа се човечките ресурси и финансиите. Додека професионалците за финансии се фокусирани на управување со паричните текови и одржување на бизнисот во живот, HR професионалците се соочија со практичностите на преструктуирање, намалување и истовремено одржување на мотивацијата и благосостојбата на вработените. Ова беше време кога човечките ресурси покажаа голема агилност и професионализам, а при навигацијата во сегашноста веќе се движат кон иднината.
Од изминатата година беше јасно дека организациите со јасно чувство за целта и вредностите и тие кои го гледаат бизнисот како фокус на добро, најверојатно ќе преживеат. Човечките ресурси имаат клучна улога во развојот на целите и вредностите и во обезбедувањето дека ние сме шампиони за подобра работа и работен век. Без оглед на типот на организацијата, луѓето се во нејзиното срце и човечките ресурси имаат клучна улога.
На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Мојата тема е „Иднината на работата и човечките ресурси“ и ќе се фокусира на брзите промени со кои се соочуваме во светот на работата и како човечките ресурси покажаа огромна агилност да одговорат на предизвиците на новиот свет на работа за време на пандемијата. HR тимовите мораа практично и емотивно да ги поддржуваат вработените и да обезбедат сè што им е потребно за ефикасно и ефективно работење, без разлика дали се на нивните работни места или работат од дома. Човечките ресурси се занимаваат со брзи промени и се во првите редови на одржување на ангажманот и мотивацијата на висико ниво, додека управуваат со преструктуирање и намалување на големината. Во исто време, треба да планираме за во иднината. За време на мојата сесија ќе се дискутира како ќе се промени светот на работата и што значи тоа за човечките ресурси и нашите луѓе?
Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Ова е одлична можност за запознавање (виртуелно) со HR професионалци од Македонија и регионот и да се сподели знаење и искуства. Со нетрпение очекувам да ги слушнам вашите истакнати говорници и да стекнам увид во HR практиката во Македонија.
Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.
24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.