2,4K
На 24 декември со почеток во 18 часот МАЧР организира HR Caffe и Networking. Настанот е онлајн и ќе биде отворен за сите HR професионалци, HR ентузијасти и вљубеници во HR професијата.
Темата на настанот е „Бизнисот и општествената одговорност во време на криза… и потоа“, а гостин-говорник ќе биде г-дин Поликарп Арсеновски, основач на APOD и иновативната платформа THRIVITY.
Настанот е отворен за сите HR професионалци, HR ентузијасти и други вљубеници во HR професијата.
Сите кои се заинтересирани за учество на истиот, потребно е да ја пополнат кратката пријава која може да се најде на овој линк.
Настанот ќе биде во онлајн формат и на сите пријавени ќе им биде доставен линк до истиот на денот на одржувањето.
МАЧР со нетрпение ве очекува на предновогодишното и божиќно онлајн HR Caffe & Networking.
