Менторство во А1 Македонија – патека кон деловен успех

од 24HR

А1 Македонија е компанија која е предводена од тимскиот дух, а вработените и нивниот развој се секогаш на прво место.

На темата “Менторство”, разговараме со Светлана Мисајловска, експерт во одделот за човечки ресурси на А1 Македонија, дипломиран психолог, која веќе долги години ја гради кариерата во компанијата. Веќе 18 години е член на големото А1 семејство, а нејзиниот мотив, енергија и посветеност се пример за професионален однос кон работата и животната професија. Слободното време го користи за читање и професионална надградба, а пешачењето на блиските ридови е секојдневната активност која и носи големо задоволство. 

“Со А1 сум скоро 18 години години. И по сиве овие години, оваа компанија се уште има магична моќ да го добива најдоброто од мене. И се восхитувам на енергијата што ја има, нејзиното несебично вложување во развојот и напредок на вработените, нејзиниот интерес за мислењето на вработените и нивната благосостојба. Оваа компанија не учи да работиме, да бидеме ефикасни, уморни и среќни во исто време.” – вели Светлана за 24HR.

Во многуте проекти наменети за развој на вработените оваа година ја воведовме програмата за Менторството која всушност е облик на партнерство, т.е. однос на взаемно учење помеѓу две лица (ментор и учесник) кои меѓусебно си помагаат во подобрување на професионалниот и личниот развој. Оваа програма бара ангажман и посветеност од двете страни. Целта на менторинг програмата е да учесникот добие структурирана програма за менторство од страна на колега експерт во својата област (ментор), кој со своето искуство и знаење ќе му помогне на учесникот да се стекне со нови знаења. Се работи за програма при која менторот и учесникот го развиваат својот однос, а истата е најуспешна кога е насочена според потребите, целите и предизвиците на личноста која се менторира. Програмата за менторство може да трае одреден временски период во зависност од потребите на учесникот (а се препорачува да трае најмногу една година). Учесникот е целосно одговорен за воспоставување на програмата и нејзино спроведување што доведува до поголема посветеност и подобар личен и професионален развој. Односот треба да се заснова врз взаемна доверба и почит, а успехот на менторството зависи од ангажираноста и посветеноста на двете страни. 

Придобивките за менторот и учесникот се огромни. Менторството претставува позитивно искуство за секој ментор кој открива нови видици и развива раководствени вештини, се градат интересни релации, и секако, менторот се стекнува со признание за придонес кон развојот на организациските способности и поттикнување на култура која нуди ширење на знаењето и искуства со останатите колеги. Од друга страна пак, учесникот добива дополнителна мотивација во стекнување на нови знаења и искуства, како и одлична можност за препознавање на областите за свој иден разво

Во моментов во А1 Македонија се актуелни 30 менторски програми, во најголемиот случај индивидуални, но имаме и ментори кои имаат и по неколку учесника истовремено. Голем дел од програмите се однесуваат на учење и усовршување на напредните дигитални вештини: Data science, Agile project management, Power Bi, Statistics, Еxcel…и сл, но имаме и програми каде вработените развиваат лидерски вештини преку совладување на лидерските вредности на А1, вештини за презентација, проектен менаџмент, деловен англиски јазик и сл.

Анализите покажуваат дека преку оваа програма сите се во добивка: вработените  учат нови нешта, менторите се стекнуваат со менторски вештини како и со карактеристики на несебична, племенита и широкограда личност. Секако добива и компанијата – вработени кои растат и се развиваат. 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...