Темата на симпозиумот е „Успешни практики во време на пандемија и идни менаџерски предизвици“.
Бизнис академија Смилевски-БАС по седми пат го организира стручниот симпозиум Менаџментот и современите практики. Оваа година тематскиот фокус на симпозиумот е Успешни практики во време на пандемија и идни менаџерски предизвици.
Поради актуелната ситуација сo Covid-19 симпозимуот ќе биде целосно онлајн преку платформата Zoom. Настанот ќе се одржи на 7. мај 2021 со почеток во 10ч.
Подетални информации за симпозиумот, тематските секции, котизациите и начинот на пријавување можете да добиете на: http://simpozium.bas.edu.mk
Како дел од симпозиумот по четврти пат ќе се одржи и панел дискусијата МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ 4. Говорници на дискусијата ќе бидат:
- Владимир Трпаноски, комерцијален директор, Витаминка
- Маја Станковска-Костова, генерален директор, Кроациа осигурување живот
- Бобан Козаров, менаџер за деловен развој, Сара Фешн
- Божидар Ивановски, директор за продажба и маркетинг, Горска вода
Говорниците се искусни професионалци, со повеќегодишно менаџерско искуство и од прва рака ќе ги споделат своите искуства, размислувања и ставови со присутните.
Присуството на Менаџерски муабети 4 е БЕСПЛАТНО. Бројот на учесници е ограничен, а принципот на пријавување е прв пријавен-прв услужен.
Пријавувањето на МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ 4 како и Симпозиумот можете да го направите на: http://simpozium.bas.edu.mk/registration
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.