петок, декември 26, 2025
Почетна НовостиНа 3 и 4 декември 12-та Меѓународна конференција за човечки ресурси

На 3 и 4 декември 12-та Меѓународна конференција за човечки ресурси

by 24HR

Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува да бидете дел од 12-тата Mеѓународна конференција за човечки ресурси која ќе се одржи на 3 и 4 декември 2020 година.

“Future-fit Organizations: Proactive HR” е темата на овогодинешната меѓународна конференција за човечки ресурси која првично требаше да се одржи на 20 мај, но поради пандемијата на Ковид-19 е презакажана за 3 и 4 декември.

Овојпат, следејќи ги превентивните мерки и препораки за заштита од коронавирусот, Асоцијацијата одлучи најголемиот настан за човечки ресурси во Македонија да биде онлајн, овозможувајќи им на што поголем број ентузијасти и HR професионалци да слушнат за искуствата на светски докажани експерти, креатори на трендови и универзитетски професори од удобноста на своите канцеларии и домови.

„Тргнувајќи од тоа дека развојот на луѓето ја има моќта да го револуционира начинот на работењето, задачата на менаџерите со човечки ресурси е да ја преземат улогата на лидери во дизајнирањето на начинот на работа во организациите, за да бидат во чекор со предизвиците што ги носи иднината. Во насока на поттикнување на проактивноста и агилноста кај професионалците за човечки ресурси, за овогодинешната меѓународна HR конференција ја одбравме темата “Future-fit Organizations: Proactive HR”, вели Дарко Петровски, Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

За квалитетот на овој настан доволно говори фактот што ова е веќе 12-то издание на Меѓународната конференција за човечки ресурси која од година во година привлекува сè поголем број на предавачи и гости. Само минатата година, конференцијата ја следеа преку 300 присутни.

Како и секоја година, учесниците ќе имаат извонредна можност да уживаат во богатата програма на конференцијата, а покрај тоа, тие ќе имаат и шанса да се запознаат со спонзорите, партнерите и соработниците и да дознаат повеќе за HR услугите коишто ги нудат учесниците на годинешното HR Expo кое исто така ќе се одржи онлајн.

Во склоп на конференцијата, ќе бидат доделени и годишните HR награди, односно признанието за HR Менаџер на годината, заедно со наградите за Најдобра HR практика и Најуспешен млад HR ентузијаст кои се две нови категории од оваа година.

Related Posts

2 коментари

Данијела октомври 23, 2020 - 6:55 pm

Каде и кој може да се пријави за настанот кој се одржува на 3 и 4 декември?

Reply
24HR декември 2, 2020 - 12:11 am

Здраво Данијела,
Регистрацијата за настанот е на овој линк: https://mhraconference.mk/mk/register/
Поздрав и се најдобро!
Редакција на 24HR

Reply

Leave a Comment