Интервју за работа во 2021: 5 прашања кои треба да им ги поставите на кандидатите

од 24HR

Глобалната пандемија трајно го промени начинот на кој до вчера работевме, а дел од тие промени ќе останат засекогаш. Еве 5 прашања кои ќе ви помогнат подобро да процените дали кандидатите се доволно агилни да напредуваат во променливиот деловен пејзаж кој ќе ја одбележи 2021 година.

Еден неодамнешен извештај на Upwork покажа дека дури 41,8 проценти од вработените во САД работат целосно од далечина, додека се проценува дека 26,7% ќе продолжат да го прават тоа до крајот на 2021 година. Извештајот, исто така, предвидува дека до 2025 година бројот на вработени кои работат од дома ќе се дуплира од 19,4 на 36,2 милиони.

И со оглед на тоа што виртуелната работа станува новото нормално, регрутерите ќе мора да ги прилагодат прашањата кои ги поставуваат на интервју за работа, сѐ со цел подобро да ги проценат вештините на кандидатите во денешните услови.

Овие пет прашања ќе ви помогнат подобро да процените дали кандидатите се доволно агилни да напредуваат во променливиот деловен пејзаж кој ќе ја одбележи 2021 година.

Како се справувате со технички проблеми?

Ако претходно само мал дел од вработените работеа од удобноста на своите домови, денес тоа го прават цели тимови – и многумина ќе продолжат да го прават тоа во иднина.

И нормално, техничките потешкотии ќе бидат дел од нашето секојдневие во новата дигитална ера. Токму поради оваа причина, важно е да ги процените способностите на кандидатите за решавање на техничките проблеми, како и начинот на комуницирање на истите до надлежните тимови.

Со помош на ова прашање, ќе дознаете дали кандидатот може да остане смирен и рационално да размислува во случај нешто да тргне наопаку.

Како комуницирате и соработувате со другите додека работите од дома?

Доколку работата од одма е тука за да остане, истото важи и за далечинската колаборација помеѓу тимовите. Од таа причина, клучно е да го поставите ова прашање кое ќе ви открие колку вашиот кандидат е пријатен во градењето на односи, одржувањето на комуникација и ефективната соработа со останатите.

Запознавањето со вашите нови колеги може да биде предизвик во далечинско опкружување, па затоа ова прашање ќе ви помогне и да ја процените емоционалната интелигенција на кандидатите. Исто така, ќе добиете подобра перспектива за тоа како нивната личност ќе се вклопи во организацијата.

Како се справувате со одвлекувањето на внимание кога работите од дома?

Да бидеме искрени: Повеќето вработени кои работат од дома нема да бидат во совршени домашни канцеларии. Сите знаеме дека одвлекувањето на вниманието често се случува кога работиме од дома, па затоа е важно да го потенцирате овој факт за време на интервјуто. Не плашете се да го прашате вашиот кандидат како се справува со одвлекувањето на вниманието во текот на работниот ден.

Поставувањето на ова прашање ги поттикнува кандидатите да ви дадат увид во нивната способност да се фокусираат и да функционираат додека работат од дома. Кандидатите можат да ги покажат своите креативни страни со давање примери за тоа како се прилагодиле на работата од дома.

Со помош на ова прашање, може да процените колку стресот го одвлекува вниманието на кандидатите и како тие се справуваат со тој стрес. Далечинските работници можат да бидат склони кон burnout, па затоа сакате да се осигурате дека вашиот кандидат може добро да управува со стресот.

Кој предизвик го надминавте во 2020 година?

Секој беше погоден од Ковид-19 и има што да раскаже за тоа. Поставувањето на ова прашање може да ви даде увид како кандидатот се справува со особено тешки ситуации. Покрај тоа, ова отворено прашање им дава на кандидатите можност да објаснат како се соочуваат со проблемите и се справуваат со неочекуваното.

Копајте подлабоко за да го разберете нивниот процес на критичко размислување. Прашајте што можеа да сторат поинаку за да произведат подобар резултат. Разгледаа ли други опции? Дали почувствуваа некакво чувство на немоќ, како да не можат да ја подобрат ситуацијата? Одговорите ќе ви откријат многу за нивната флексибилност.

Што најмногу ве загрижува во врска со работата во пост-Ковид светот?

Важно е да бидете транспарентни, особено во вакви периоди. Сакате да бидете сигурни дека сите во вашиот тим се на иста страница од моментот кога ќе ја добијат работата. Ваша работа е да бидете сигурни дека кандидатите имаат јасно разбирање за планот за враќањето во нормала на вашата компанија. Никогаш не претпоставувајте дека вашиот кандидат знае што ќе се случи во иднина.

Неопходно е да поставите прашања што ќе ви дадат подобро разбирање за очекувањата на кандидатот и за тоа како тие се усогласуваат со плановите на вашата компанија. Имајќи транспарентни разговори, на крајот можете да ги идентификувате оние кандидати кои се совпаѓаат со плановите на вашата компанија – и, според тоа, со помала веројатност да заминат.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...