Платата ги привлекува кандидатите, но бенефициската програма ќе ги натера да се вљубат во компанијата

од 24HR

Добрата плата веќе не е доволен услов за да ги привлечете и задржите најдобрите таленти. За да останете атрактивни на пазарот на трудот мора да обрнете внимание и на бенефициската програма.

Повеќето луѓе кои бараат работа ќе кажат дека парите се најважниот фактор при изборот на работа. Тоа е така бидејќи никој не сака да работи нешто за кое е недоволно платен знаејќи дека останатите компании нудат многу подобри услови. Но, ако премногу се фокусираат на износот, кандидатите може да ги занемарат и другите придобивки од работата, а тоа се бенефитите.

Првото нешто што кандидатите го забележуваат кога ќе го видат вашиот оглас е, секако, платата. Меѓутоа, кога ќе ја прифатат работата кандидатите сфаќаат дека добрите бенефити вредат многу повеќе од износот кој го добиваат секој месец на својата банкарска сметка. И токму тие се тоа што ги држи вработените мотивирани, ангажирани и задоволни на долг рок.

Зошто бенефитите се толку значајни?

Точно е дека бенефитите не можат да го нахранат нивното семејство, но затоа можат да го подобрат квалитетот на живот. Приватното здравствено осигурување им дава сигурност во најразлични животни ситуации. Флексибилното работно време е важно бидејќи овозможува слобода и повеќе време кое тие би го посветиле на своите најблиски. Едукацијата им помага да напредуваат и да останат компетитивни на пазарот.

Секој сака да заработува повеќе пари, но размислете добро зошто ни се потребни тие пари. Зошто го посакувате или ви е потребен тој дополнителен приход? За да им обезбедите подобро образование на вашите деца, да купите нов автомобил, да патувате, да си овозможите одмор на море… листата е долга. Кога би работеле во компанија со добра бенефициска програма, бенефитите би можеле да ви заштедат пари што во теорија е исто како да ви ја покачиле платата. Така на пример, попустите за членство во теретана, опрема за вежбање, мобилната тарифа или цените на билетите за патување може да се покажат како вистински погодок на долг рок.

Придобивките можат да бидат и нематеријални. На пример, дополнителна недела платен годишен одмор е еквивалентно на четвртина плата која ја добивате додека сте на одмор. Постојат и бенефити на кои не може да им се стави цена, но тоа не значи дека тие не им се важни на кандидатите.

Од друга страна, работите како секојдневен кодекс на облекување, менторство, можности за професионален развој, и пред сè, флексибилното работно време се популарни меѓу работниците не затоа што ја подобруваат нивната финансиска состојба, туку заради влијанието врз нивниот квалитет на живеење.

Пронајдете го вистинскиот баланс за вашата компанија

Секоја компанија е различна. Најдобриот пристап во креирањето на вашата бенефициска програма е најпрво да го создадете вашиот идеален кандидат, а потоа да истражите кои се неговите потреби. Потоа, направете проценка и одлучете што е тоа што вашата компанија може да го дозволи.

Доколку бенефициската програма биде усвоена од менаџментот, бидете сигурни дека истата ќе ја комуницирате на вашата кариерна страница, како и во огласите за вработување. Тоа значи дека огласите освен плата, треба да содржат и бенефиции, должина на платен годишен одмор, како и финансиски и нефинансиски придобивки.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...