Повеќе од 300 учесници на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO – “Future-fit Organizations: Proactive HR”

од 24HR

20-на интернационални говорници, HR EXPO и неколку образовни работилници ја одбележаа овогодинешната Меѓународна конференција за човечки ресурси која траеше од 3ти до 4ти декември во организација на МАЧР.

Македонската асоцијација за човечки ресурси успешно ја реализира 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси која всушност претставува најголем HR настан во земјава што традиционално се одржува секоја година.

Наместо во физички амбиент на кој досега бевме навикнати, конференцијата годинава беше во дводневно виртуелно издание, а богата програма и целокупната организација на настанот овозможи да се задржат квалитетот и стандардите на манифестацијата кои беа поставени во изминатите дванаесет години.

Доволно за тоа говори и фактот што конференција во услови на економска неизвесност успеа да привлече повеќе од 300 гости кои имаа можност да слушнат за искуството на истакнати говорници, професори и практичари од Велика Британија, Словенија, Грција, Италија, Ерменија, Бугарија, Србија, Хрватска, Шпанија, Португалија, Турција и Македонија.

Меѓу нив, ги издвојуваме: Боб Мортон, Андреа Кодрин, Џовани Оскар Серафини, Хендрик Себастиан (Дрикус) Криек, Арпи Карапетијан, Тина Миличиќ, Роб Еванс, Карламариа Тибуртини, Филип Петровски и Ангела Костова Трпеска.

Дополнително, конференцијата на учесниците им понуди и можност за бесплатно учење преку образовни работилници кои ги спроведоа искусни професионалци од сферата на бизнисот и човечките ресурси, како што се: Мартина Наумовска, Дарко Мицкоски и Андријана Ристовска Мариниќ, Ивана Дојчиновска Стојановиќ, Зорица Поповска, Љупка Ристовска, Илија Попјанев, Ана Салтирова Давидовски и Дејан Маџовски.

За време на целиот настан, сите учесници имаа можност да направат виртуелна прошетка на HR EXPO и да ги посетат штандовите на компаниите и организациите како: MHRA, Vrabotuvanje.com, BEST, 24HR, WIDNET, StepUp, VITA INSTITUT, SENSUM и HR WORLD.

Вториот ден од настанот го одбележа и интересна панел дискусија на тема “What is the role of the HR Leaders from South and Southeast Europe in the process of transforming their companies for the future?”, каде своите ставови ги разменија Миглена Узунова Тсекова, Невена Станисављевиќ, Филипо Абрамо, Марино Милош, Букет Челебиовен , Евен Болстад и Дарко Петровски.

Завршните зборови на конференцијата ги имаше Претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси, Дарко Петровски, кој им се заблагодари на присутните за тоа што беа дел од 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси.


24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...