Познато колку заработуваат вработените во Glassdoor

од 24HR

Една од најпознатите глобални платформи за огласи и оценување на компании направи чекор понатака во поглед на транспарентноста на платите откривајќи колку заработуваат нејзините вработени на различните работни позиции.

Транспарентноста на работното место, а особено транспарентноста на платите зазема централно место во бизнисот на Glassdoor па затоа во ноември компанијата одлучи да го објави опсегот на платите за секоја работна позиција во рамките на својата организација.

Така на пример, еден административен асистент во Glassdoor заработува годишна плата од 45.000 до 84.000 долари. Понатаму, ако сте HR Бизнис партнер во компанијата би заработувале од 137.000 до 256.000 долари годишно, додека платите за останатите позиции во одделот за човечки ресурси се нешто пониски: Координатор за човечки ресурси (45.000 – 84.000 долари), Специјалист за Employer Branding (62.404 – 115.920 долари), HR Generalist (56.000 – 104.000 долари), Координатор за регрутација (40.000 – 76.000 долари), Аналитичар за компензација (80.000 – 150.000 долари) и Talent Acquisition Partner (61.000 – 114.000 долари).

Во однос на своите извршни директори, Glassdoor оди чекор понатаму и го откри точниот износ што тие го заработуваат во текот на една година.

На таа листа, очекувано прв е извршниот директор Кристијан Садерленд-Вонг со годишна плата од 550.000 долари па следат Кејт Алеринг (главен директор за продажба), Ентони Моисант (заменик директор за ИТ и главен директор за информации), Ени Перл (главен директор за производи), Бавна Синг (заменик директор за инженерство и главен директор за технологија) и Роберт Хоман (ко-основач и претседател) со годишна заработка од 400.075 долари.

Во долниот дел на листата се наоѓаат Карина Кортез (главен директор за човечки ресурси) и Овен Хамфрис (заменик директор за финансии и деловно работење) со годишна плата од 374.000 долари, а најнископлатени се Аманда Ранер (заменик директор за маркетинг) и Саманта Зупан (заменик директор за корпоративни комуникации) чија годишна заработка изнесува 353.000 долари.

„Зголемувањето на транспарентноста е клучна за вработените и лицата кои бараат работа бидејќи овозможува донесување на рационални одлуки за нивната кариера и обезбедување на полова еднаквост“, велат од Glassdoor додавајќи дека ќе продолжат да практикуваат исто ниво на транспарентност како она што го нудат преку своите продукти.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...