РАМСТОРЕ: Организациска средина каде што талентите имаат простор и можности да растат и да се развиваат

од 24HR

Рамсторе Македонија е ланец од 28 маркети и 1 онлајн маркет “Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. Благодарение на тој непосреден пристап, веќе 15 години создава успешни кариерни приказни каде што има за цел да не е само компанија, туку и многу повеќе од тоа – семејство на своите вработени.

Рамсторе семејството непречено расте и се развива, постојано се збогатува со нови маркети, нови вработени, но и новитети. Во 2020 година имавме можност да ја завршиме со новитет за нашата компанија и прилагодување на новото нормално време имплементирајќи нов канал на услуга и пристапност на нашите ценети потрошувачи. Започнавме со нашето првенче, нашата онлајн продавница “Рамсторе до дома” која нуди целосно искуство на онлајн пазарување.

Кариерна патека која од биро на маркет ме донесе до позиција одговорен на маркетинг група

Ramstore е моето лично идентификување. Ramstore е мојот почеток, мојата сегашност и се надевам мојата иднина. Гордоста и привелегијата да си дел од едно вакво “семејство” се должи на умешноста и успехот во секој од нас да ги препознаат комбинациите на вештини со кои располагаме, нивна подршка и насочување. Ramstore е успешен колку што се успешни неговите вработени.

Како дипломиран економист во 2006 – та, почнав како Back Office во одделот продажба во маркетот Тетово. Искрено бев задоволна од тимот со кој работевме. Моето мото беше – Почнете да работите, иако тоа не е работата од соништата. Во модерно време можете да станете славни преку ноќ на социјалните медиуми, но за да бидете успешни на долги патеки мора да се има визија, фокус, верување и многу откажување.

Наскоро моето ново скалило беше одделот Маркетинг. Таму се пронајдов себе си. Од маркетинг асистент, па специјалист до моменталната позиција на која сум последниве 5 години Oдговорна на маркетинг група. Човек може да застане кога се качува, но не и кога паѓа. Работата во овој оддел беше инспирација и за моето формално дообразување со магистерската тема “Маркетинг стратегии во малопродажбата”. Големо е задоволството да си дел од една успешна компанија, но задоволството е поголемо ако во твојата непосредна околина соработуваш со колеги чија енергија е фокусирана на заедничка цел – да постигнеме секогаш повеќе. Велат: “Ако сакате ништо да не работите, вљубете се во она што го работите”

Ramstore добиј повеќе, Живеј подобро”

Даниела Савеска, Одговорна за маркетинг група, 15 години во Рамсторе Македонија

Од продавач до кариера во светот на информатичката технологија

Од 2013 год. сум дел од тимот на Рамсторе Македонија. Првата работна позиција ми беше Продавач во одделот за прехрамбени и непрехрамбени производи во eден од нашите маркети.

Во 2016 год. бев префрлен во ИТ одделот, каде што се стекнав со нови предизвици и можности за усовршување во мојата кариера во Рамсторе. Моментално работам на позиција ИТ Специјалист.

Работењето на оваа позиција ме инспирира бидејки постојно сме во чекор со новата технологија и имплементација на нови системи за работа, кои им помагаат на колегите полесно и побрзо да ги завршат работните задачи.

Предност од работењето во оваа компанија е нејзината грижа за вработените. Во иднина се гледам како дел од тимот на Рамсторе, каде што ќе можам да го употребам искуството кое во текот на овие 7 години го добив.

Рамсторе за мене претставува лидер и иновативна компанија, во која вработените можат да се усовршуваат и да напредуваат следејќи ги светските трендови.

Никола Илиевски, Специјалист за IT, 8 години дел од Рамсторе Македонија

Мојот кариерен раст растеше заедно со Рамсторе

Мојата кариера во Рамсторе Македонија започна по моето дипломирање и мојата прва позиција беше како вработен во Бирото во првиот маркет на Рамсторе во Македонија. Како млада и амбициозна личност работата брзо ја совладав, моите претпоставени го препознаа тоа и по 9 месеци бев преместена во одделот за Сметководство и финансии како сметководител, потоа бев унапредена во позиција одговорна на дел од работите во сметководство, а денес веќе сум Раководител во одделот.

Мојата долгогодишна кариера која растеше заедно со Рамсторе Македонија е показател дека станува збор за компанија која ги препознава вработените и им создава простор да растат доколку самите се подготвени да ги применат и покажат сите свои знаења, но истовремено кариерниот раст е сигурен доколку се спремни постојано да учат и несебично да го пренесуваат своето знаење на останатите.

Рамсторе го чувствувам како мојот дом, каде што ја фокусирам сета моја енергија бидејќи заедно започнавме, заедно растеме и ќе продолжиме заедно и понатаму со таква динамика.

Далиборка Цацаноска, Раководител на Секторот за финансии, 16 години дел од Рамсторе

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...