Интервју со Роб Еванс – говорник за лидерство, корпоративен тренер и извршен директор кој ќе зборува на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР.
Остануваат уште неколку денови до отворањето на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси која ја организира Македонската асоцијација за човечки ресурси.
Еден од говорниците на конференцијата ќе биде Роб Еванс – говорник за лидерство, корпоративен тренер и извршен директор од Англија кој ќе го сподели своето практично знаење пред луѓето од македонската HR фела. 24HR како главен медиумски покровител на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси направи интервју со Роб Еванс каде разговаравме за иднината на организациите, неговата презентација и неговите очекувања од конференцијата.
Доколку сè уште го немате резервирано вашето учество на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси, направете го тоа овде и добијте Black Friday попуст од 50% за пријава до 27ми ноември.
Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?
Човечките ресурси отсекогаш биле клучни, но не секогаш признаени целосно и соодветно како такви. Секој извршен директор треба да биде ефективен лидер за човечки ресурси. Денес, повеќе од кога било поради приближување на глобалните поместувања, технолошкиот развој и културните трендови, заедно со влијанието на пандемијата, постои неверојатна можност за секој од нас на раководна позиција за човечки ресурси, да имаме огромно позитивно докажано влијание врз организациите на кои им служиме.
На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Мојата тема е Менување на брзини од функционална извонредност на човечките ресурси до сигурно бизнис лидерство.
Работејќи во корпоративниот свет на различни улоги „на терен“ со над 150 оперативни компании, вклучително и со многу професионалци за човечки ресурси, мојот фокус сега е споделување на лекциите од тие искуства.
Јас би ги охрабрил сите нас како лидери да излеземе и да бараме што повеќе различни гледишта и да испробаме нови работи. Ние секогаш сме пионери во лидерството, никој претходно не ја извршувал точно нашата моментална улога во нашата организација во специфично време. Овој факт секогаш се однесува на сите нас, не само за време на пандемијата, а одлуките што ги носиме се секогаш ефикасно дел од процес на обиди и грешки. Имаме придобивка од многу различни искуства што треба да ги извлечеме и тогаш треба да сториме сè за да ја обликуваме сопствената приказна.
Ќе ги споделам своите размислувања за тоа како можеме да пристапиме кон додавање вредност на организациите на кои им служиме и многу се радувам на овој настан.
Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Чест ми е што сум поканет да зборувам на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси на Македонската асоцијација за човечки ресурси и навистина очекувам да се сретнам и да запознаам голем број од учесниците кога ќе се собереме сите заедно на конференцијата.
Јас сум многу заинтересиран да развијам посилно разбирање на деловното опкружување и човечките ресурси во регионот и да слушнам за стратегиите што ги донесуваат организациите учеснички за да се позиционираат што е можно посилно за периодот надвор од сегашната пандемија.
Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.
24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.