Создавање силен бизнис и градење на подобар свет не се спротивставени цели – двете се основни состојки за долгорочен успех

од 24HR

Нептун Македонија започна големо стратешко партнерство со СОС Детско Село.

Нептун како компанија постојано се вклучува во процесот за општествена одговорност и тоа останува една од нашите примарни одговорности и основа на која ги надградуваме сите останати активности преку кои се обидуваме да го подобриме квалитетот на животот во средината во која работиме. Децата ја претставуваат иднината на секое општество, а нашата желба е да покажеме солидарност, хуманост и емпатија и да дадеме поддршка таму каде што е најпотребна.

Водени од идејата “Бидете промената која сакате да ја видите во светот” проектната група Neptun Change Makers осмислија стратегија за општествена одговорност, каде што и компанијата и вработените ќе можат да го покажат својот импакт во општеството. Поддржувајќи ја мисијата на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“ започнуваме едно големо стратешко партнерство со СОС Детско село.

Како амбасадори на СОС Детското село, започнуваме соработка низ која ќе можеме да ги вклучиме и нашите вработени, и тие да бидат дел од компаниската гордост. Тим билдинзи, волонтерски активности со вработените на „Нептун“ и програми на СОС Детско село, обуки за стручни знаења во областа на сервисирање на бела техника и продажба, се само дел од агендата.

Заедничката соработка со СОС детско село и низата на планирани активности, ја започнавме со настанот „Заедно Навиваме“.

Со реквизити за навивање и многу позитивна енергија, децата и младинците од СОС Детско село заедно со дел од вработените на Нептун ја бодреа Македонската репрезентација на првиот натпревар на 13.06.2021 на Европското првенстсво во фудбал 2020. Со нетрпение ги очекуваме следните заеднички активности.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...