Топ 5 причини за кариера во HR

од 24HR

HR-от е океан од можности по кој може да пловат само вистинските ентузијасти за својата професија.

Управувањето со човечките ресурси е пред сè управување со луѓе каде примарниот фокус е ставен на политиките и системите за нивно менаџирање. HR-от во организациите е задолжен за пријава и одјава на вработени, обуки и развој, проценка на перформанси, креирање на бенефит програма за вработените и стратегија за нивна компензација и наградување. Покрај тоа, HR-от е исто така одговорен за имплементација на промени кои се потребни на организациско ниво и индустриските односи во врска со колективните договори и законските регулативи.

Така, гледајќи во целиот опсег на одговорности, повеќе од очигледно е дека HR професионалците имаат различни улоги во различните организации. Сепак, многу често, вработените во човечки ресурси се перцеприраат како лица кои носат лоши или разочарувачки вести. Ова воглавно се должи на нивната позиција на арбитер во сите видови на канцелариски спорови и конфликти или поради нивниот авторитет во однос на процесите поврзани со вработување и анализирање на вработени. Како и да е, ваквите заклучоци се неиздржани, па затоа е важно одновно да ги споменеме важните позитивни аспекти на улогата на човечките ресурси.

„HR-от е во основа вклучен во секој аспект на животниот циклус на вработените во организацијата“, смета HR експертот Ана Версаи. Според неа, ова се топ 5 причини зошто работењето во HR може да биде одличен избор за вашата кариера:

Влијание врз организациската култура

Се верува дека професионалците кои работат во одделите за човечки ресурси имаат уникатно чувство и перспектива за компанијата во која работат. Ова верување преовладува главно заради природата на нивната работа, која бара силно разбирање на приоритетите и предизвиците на организацијата. Така, тие со сигурност имаат важна улога во обликувањето и регулирањето на културата на организацијата и следствено во креирањето на нејзината иднина. Луѓето кои работат во HR, исто така, имаат шанси да влијаат позитивно врз животот на вработените преку најразлични должности и активности поврзани со нивната благосостојба, како што е соодветно осигурување или надомест, обуки за преносливи вештини поврзани со работата итн.

Нови предизвици со секој нов ден

HR-от е професија која секојдневно ве исправа пред нов пакет на задачи и предизвици. Тие може да варираат од задачи ориентирани кон луѓе до административни задачи, од анкетирање на вработени до преглед на апликации и од помош на вработени да го променат своето здравствено осигурување до справување со ефектите од новите закони и регулативи. Ваквите разновидни одговорности и задачи ги држат овие професионалци на прсти и секогаш инспирирани.

Градење релации со луѓето

Да се работи со луѓе и да се поседува пасија за една таква работа е клучно за еден експерт за управување со човечки ресурси. Некои од секојдневните обврски на специјалистите за човечки ресурси се вртат околу интеракцијата со луѓето, без оглед дали станува збор за интервју за работа или поддршка на постојните вработени одговарајќи на нивните поплаки и прашања. Така, ако сте заинтересирани и имате пасија и добри комуникациски вештини за индивидуална и тимска работа, HR одделот е вистинското место за вашата кариера.

Претставување и помагање на вработените

Лидерите за човечки ресурси имаат подобро и подлабоко разбирање за организацијата, па од таа причина тие се во подобра позиција да ги забележат и да ги решат проблемите на вработените. Всушност, тие се во првите редови кога ќе настане некој проблем поврзан со човечкиот фактор. Како резултат на тоа, тие имаат можност да ги надминат организациските компликации дури и пред да настане проблем во компанијата. Освен тоа, должност на вистинските HR професионалци е да ги слушаат вработените и да ги застапуваат нивните интереси.

Многу можности и одлични плати

Од година во година работните места за HR ентузијасти се зголемуваат со извонредна стапка. Улогата на човечките ресурси станува императив за било каква деловна активност. Иако напредните и автоматизирани технологии за управување со човечки ресурси брзо ги менуваат организациските сценарија, HR-от сè уште бара и се стреми кон интуиција и здрав разум којшто не може да се автоматизира. Оттука, улогата на регрутерите, обучувачите и другите лица кои се занимаваат со човечки ресурси ќе продолжи да биде важна и во иднина. Од истата причина, нормално е овие професионалци да продолжат да добиваат солидна компензација која е далеку над просекот за останатите професии.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...