Топ 5 HR трендови кои ќе се случат во 2020

од cedo

Бранот на дигитална трансформација кој го зафати светот нема да заврши во 2020 година, а HR индустријата е неопходно да се прилагоди на промените. Еве што ги очекува HR професионалците во новата година.

Сè поизвесно е тоа дека 2020 ќе биде трансформативна година за човечките ресурси, особено ако се земе предвид подемот на дигитализацијата која го менува начинот на кој работодавците и вработентие функционираат меѓусебно.

Од друга страна, автоматизацијата која од корен ги менува работните процеси ја нагласува важноста на улогата на HR-от кој е тука да осигури дека таа останува релевантна и ефективна во својата мисија да го извлече најдоброто од луѓето.

Па, еве неколку трендови кои ќе ја зафатат HR индустријата во 2020 година:

 

Автоматизација

 

Автоматизацијата во човечките ресурси ќе го забрза и унапреди процесот на регрутација, но тоа не значи дека ќе го подобри и од аспект на квалитет. Всушност, сè поголем број кандидати ги знаат т.н трикови како да ги надмудрат ATS системите на компаниите кои најчесто го прават првиот филтер. Исто така, тие не се целосно искрени во врска со своите квалификации, па затоа HR менаџерите ќе треба да бидат попретпазливи извршувајќи повеќе позадински проверки и проценки за да не погрешат при изборот на вистинскиот кандидат.

 

Учење нови вештини

 

Дигитализацијата и автоматизацијата засегнаа голем број традиционални работни места и доколку вработените не се движат со истото темпо, постои опасност нивната улога да стане вишок. Значи, станува сè поважно за компаниите да ги обучуваат своите вработени со нови дигитални вештини така што нивните улоги ќе останат релевантни и ефективни.

 

Новата улога на HR-от

Досега, HR-от заземаше пасивна улога во управувањето со бизнисот. Но, тоа набрзо ќе се промени. Со зголемената комплексност во процесот на регрутација и конкуренцијата за привлекување и задржување на таленти, важноста на човечките ресурси не смее да се потцени. Така, ќе започнеме да гледаме како HR-от има поголема стратешка улога при донесување на важни деловни одлуки.

 

Флексибилна работа

 

Работното време до 9 до 5 полека, но сигурно станува минато. Сè поголем број работни места стануваат дигитални, а флексибилното работно време станува тренд, па дури и животен стил, особено за милениумците. И, со оглед на тоа што повеќе вработени ќе можат да работат од далечина, можеме да очекуваме сè повеќе компании да понудат флексибилно работно време, како и можност за работа од дома.

 

Gig економија

Исто како и кај флексибилната работа, ќе забележиме и пораст на Gig економијата со тоа што повеќе компании ќе ангажираат помалку вработени на полно работно време, а повеќе на договори или вработувања базирани на проекти со цел да ги задоволат своите потреби во сè поголемиот дигитален пејзаж.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...