1 тајна за мотивација што функционира кај секого

од 24HR

Ова е една и единствена тајна за мотивација што функционира буквално кај секоја личност.

Летото никогаш не било најлесното годишно време за да останеме мотивирани. Плус, лето среде пандемија? Чудо е што претприемачите успеваат да направат нешто воопшто.

Според Џесика Стилман, колумнист на Inc.com, секој од нас има нешто што ја поттикнува и одржува неговата мотивираност, што на крајот пак резултира со поголема продуктивност на работното место. Таа ги споменува:

  • Плејлисти за продуктивност;
  • Енергетски пијалоци;
  • Изразување на благодарност;
  • Одржување на контакти со пријатели кои ве мотивираат;
  • Прошетка кога ќе заглавите;
  • Утрински рутини кои ја зголемуваат вашата енергија;
  • Управување со природната плима и осека на нивото на енергија и
  • Вера или спиритуалност.

Сите овие работи се цврсти идеи и повеќето од нив, вели Џесика, се поддржани од науката. Но, и покрај тоа што секој од нас има свои уникатни трикови и совети за да продолжиме напред во моменти кога чувсвуваме дека нашата енергија се намалува, за неа постои еден совет над советите кој одново и одново се јавува и останува актуелен. Таа смета дека тоа е единствената мотивациска тајна што функционира кај секого.

Мотивациска тајна која е шампион на сите времиња

Некои луѓе се повикуваат на авторот Симон Синек и зборуваат за „фокусирање на своето Зошто“, додека пак, други препорачуваат решението да се бара во нашата генерална визија. Сепак, постои и трета фракција која вели дека треба да одвоиме време и да ги согледаме вистинските причини поради кои работиме толку напорно. Но, додека терминологијата на сите три групи се разликува, мнозинството се согласува дека најсуштинската тајна за да имате енергија за она што треба да го направите е да знаете „зошто сакате да го направите тоа“.

„Со фокусирање на вашето „зошто“, вашата вистинска причина зошто го сакате тоа што го посакувате. Визијата. Поголемата слика. Тоа ме одржува мотивирана, особено кога работите не се движат така како што посакуваме“, вели коучот и спикер Сеила Чапман.

„Да се има цели е супер, но да знаете зошто сакате да ги постигнете истите е мотиваторот“, се согласува претприемачот Чад Брињац.

„Сметам дека мотивацијата доаѓа од визуелизирањето на крајниот резултат. Без разлика дали тоа е започнување на бизнис или план да го одведете вашето семејство на пица како резултат на тоа што работите напорно и заработувате добра плата“, истакнува маркетерот Даниел Барон.

Тоа што е јасно од читањето на овие коментари е дека секој од нас е различен. За некој, од суштинско значење е да се внимава на диетата и редовно да се вежба. За други, тоа може да биде читање на Библијата, јога и умствено мапирање. Меѓутоа, она што е јасно е дека секој од нас има свој извор на енергија која е неопходна за да останеме мотивирани.

Самата спецификација на идеалната рутина за зајакнување на мотивацијата е уникатна како и индивидуата на која истата ѝ е потребна. Но, постои една вистина која важи за сите, а таа е: На крајот на денот, луѓето го прават само она што навистина сакаат да го направат. Ако не сте сфатиле што точно сакате и зошто го посакувате тоа, тогаш не постои никаков трик што може да ви помогне. И обратно, ако имате јасна визија за она што сакате да го постигнете и имате силни причини за да го направите во тоа, не постои сила која може да ве спречи.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...