12 прашања за интервју кои жените ги добиваат почесто од мажите

од 24HR

„Зошто да ве вработиме токму вас?“ – прашање кое им се поставува на речиси половина од кандидатките на интервју за работа.

Кога станува збор за работното место, факт е дека жените сè уште не уживаат еднаков третман како и мажите. Но сега, се чини дека овие недостатоци се протегаат подалеку од платата и унапредувањата – тие започнуваат уште за време на интервјуто.

Ова е заклучокот на едно истражување на Resume.io, спроведено на 2.000 испитаници, кое утврди дека постојат 12 прашања кои на жените им се поставуваат почесто отколку на мажите кога станува збор за интервјуто за работа.

Така, на речиси половина (45%) од сите жени испитаници им било поставено прашањето „Зошто да ве вработиме токму вас?“. За разлика од нив, само 37% од мажите го добиле ова прашање.

На 43% од испитаничките им било поставено и прашањето: „Каде се гледате себеси за 5 години?“, додека само 34% од мажите морале да одговорат на ова прашање.

Интересно е тоа што двете прашања кои најретко им биле поставувани на мажите се: „Која е вашата најголема слабост?“ (27% од мажите во споредба со 37% од жените) и „Раскажете ни случка кога сте доживеале неуспех и како сте се справиле со таа ситуација“ (20% од мажите во споредба со 26% од жените).

Прочитајте > 5 бесмислени прашања на кои не им е местото на интервју за работа

Еве уште 8 интервју прашања кои на жените им се поставуваат почесто отколку на мажите:

  1. Кои се вашите најголеми предности? (44% од жените во споредба со 34% од мажите)
  2. Зошто ја сакате оваа работа? (44% од жените во споредба со 37% од мажите)
  3. Дали сте тимски играч? (37% од жените во споредба со 31% од мажите)
  4. Зошто сметате дека добро би се вклопиле во компанијата? (40% од жените во споредба со 34% од мажите)
  5. Зошто аплициравте за оваа работа? (40% од жените во споредба со 35% од мажите)
  6. Можете ли да ги објасните овие празнини во вашата кратка биографија? (19% од жените во споредба со 18% од мажите)
  7. Зошто не ви се допадна вашата последна работа? (22% од жените во споредба со 21% од мажите)
  8. Како вашето образование ве подготви за вашата кариера? (19% од жените во споредба со 18% од мажите)

„Од жените се очекува да ја докажат својата „вредност“ на интервјуто за работа. Тие почесто се прашуваат за нивните јаки и слаби страни, па дури и зошто треба да ја добијат работата“, вели Ролф Бакс од Resume.io.

Сепак, постојат и неколку прашања кои регрутерите почесто им ги поставуваат на мажите отколку на жените. Тие се:

  1. Прашања во врска со политичките ставови (18% од мажите во споредба со 8% од жените)
  2. Колку сте искрени? (22% од мажите во споредба со 13% од жените)
  3. Прашања во врска со возраста (34% од мажите во споредба со 26% од жените)
  4. Прашања во врска со сексуалната ориентација (15% од мажите во споредба со 7% од жените)
  5. Како би се чувствувале кога би работеле за помлад менаџер? (16% од мажите во споредба со 10% од жените)
  6. Која е најлошата одлука што некогаш сте ја донесе? (14% од мажите во споредба со 9% од жените)
  7. Прашања во врска со нивната претходна плата (36% од мажите во споредба со 31% од жените)
  8. Прашања во врска со употреба на дрога (27% од мажите во споредба со 21% од жените)

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...