Професионалците за човечки ресурси велат дека 2020 година е најстресната година во нивната кариера.
Голем број работодавци покажаа свесност и разбирање за влијанието на пандемијата врз стресот и менталното здравје на вработените, а HR професионалците не се исклучок од тоа.
Седумдесет и еден процент од професионалците за човечки ресурси кои учествуваа во едно неодамнешно истражување на Reward Gateway одговориле дека 2020 година е најстресната година во нивната кариера.
Резултатите од истражувањето кои беа објавени на 28 октомври вклучија одговори од 751 лидери за човечки ресурси во Велика Британија, САД и Австралија.
Испитаниците, исто така, рекоа дека поврзувањето на работната сила и одржувањето на културата на работното место од далечина биле најголемите предизвици со кои се соочиле во изминатите неколку месеци.
Како што се наближува 2021 година, 48% се изјасниле дека очекуваат работата од далечина да стане нормалност; истиот процент од нив планира да ја користи технологијата за да се создаде подобрено, рационализирано искуство на вработените и 45% предвидуваат дека тимовите за човечки ресурси ќе бидат повеќе вклучени во процесите на дигитална трансформација во компаниите.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.