Пазете се од нарцисоидни лидери

од 24HR

Лидерството е клучен дел од културата на една компанија. Лошото лидерство кое најчесто се манифестира преку поставување на погрешни луѓе на лидерски позиции може да доведе до егзодус на талентирани вработени и деградација на компаниската култура.

Еден таков вид на лидерство е нарцисоидното лидерство, односно нарцисоидните лидери кои од својата позиција на моќ може да остават длабок импакт врз целата организација.

Карактеристиките на нарцисоидните лидери – „неподготвеноста да се вклучат во соработка и склоноста кон заобиколување на правилата“ – можат да се инфилтрираат во културата на компаниите кои што дозволуваат такви личности да се искачат на лидерски позиции, се вели во студијата на Факултетот за бизнис Беркли Хас.

Нарцисоидните лидери можат да изложат на ризик цели организации, предвидува студијата, поради своето „дифузно, но убедливо влијание“ врз културите кои ненамерно ги создаваат. Тие претпочитаат култури кои ги „замаглуваат етичките граници“ и „ја нарушуваат соработката“ и кога истите тие личности се унапредуваат на лидерски позиции, организацијата испраќа знаци до другите вработени дека треба да ги следат истите правила на игра доколку сакаат да напредуваат.

За да се избегне таков исход, експертите за човечки ресурси советуваат дека секоја компанија треба да развие практики кои спречуваат вработување и унапредување на нарцисоидни лидери.

„Начинот на кој лидерите управуваат со своите емоциии и како тоа го чувствуваат другите луѓе се најсилните фактори кои влијаат на задржување на талентите“, вели Стефани Нил, директор на Центарот за аналитика и бихејвиорално истражување на консултантската компанија DDI.

Еден од начините како компаниите можат да го спречат подемот на нарцисоидните лидери е да се фокусираат на фазите на развој на лидерот.

Вработените кои се чувствуваат сигурно имаат многу поголема веројатност да останат во компанијата, покажа истражувањето на Indeed спроведено во февруари.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...