4 претставнички од Македонија меѓу 40-те говорници на самитот PowerToHR

од 24HR

На 3 Април 2025 година Приштина ќе биде епицентар на човечките ресурси во регионот бидејќи на едно место се собираат над 40 говорници и повеќе од 600 HR професионалци од Балканот.

Дел од 40-те говорници, меѓу кои се наоѓаат звучни имиња од Google, META, Booking, Wolt, Adidas и LinkedIn, се и четири претставнички од Македонија кои ќе споделат практични примери за најновите трендови од областа на човечките ресурси, маркетингот и технологијата кои го обликуваат начинот на управување со луѓе во иднината.

Запознајте ги македонските претставнички на PowerToHR

dolgogodisno iskustvo kako coach za menadzeri, executive coach i management consultant.

Христина Велковска е основач на „Vita Institut“ и претседател на MACEX, има долгогодишно искуство како коуч за менаџери, executive coaching, менаџмент консалтинг, како и во воспоставување на системи за управување, дијагностика и развој на организациска култура и лидерство. На PowerToHR, таа ќе има две инспиративни презентации на тема: “From Workplace to Wow-Place: All Aspects That Matter!” и “The EX Factor: Measuring What’s Right (and Wrong) With Your Employee Experience”.

Викторија Дамчевска е VP of Operations во „ePeople Hub“ со повеќе од 10 години искуство во регрутирање, менаџмент и брендирање на вработените. Нејзината сесија носи интригантен наслов: “The AI Paradox: When Bots Are Hiring Bots”. Сесијата ќе го истражи вистинскиот ризик од продорот на AI во човечките ресурси, а едно од клучните прашања што ќе биде одговорено е: „Можеме ли да ја хуманизираме AI пред таа да нè дехуманизира нас?“.

Наташа Трајкова е една од говорничките на „PowerToHR“ која ќе учествува во популарните fireside дискусии. Таа е Independent Talent Consultant за технолошки клиенти низ ЕУ и САД. Наташа има над пет години искуство во регрутирање на високи профили во EMEA, Азија и САД. Нејзината тема „AI in Recruitment: Tool or Trap?“ ќе го истражи влијанието на вештачката интелигенција (AI) во процесот на регрутирање, анализирајќи ги придобивките, ограничувањата и етичките предизвици.

Елена Мановска е четвртиот говорник од Македонија на овој влијателен самит. Таа е директор за регрутација во TP (до скоро Teleperformance) компанија која само во 2024 вработи над 3500 говорници на германскиот јазик во регионот. На „PowerToHR“ нејзината тема е “Smart Hiring: Proven Strategies to Uncover Hidden Gems, Avoid Recruitment Disasters and Build a Winning Team”, а во нејзината презентација ќе ги сподели најдобрите практики за привлекување на вистинските кандидати и како да се снаоѓате во различни индустрии.

PowerToHR се случува на 3. Април 2025 во AMC Hall во Приштина со над 40 инспиративни keynote презентации, fireside дискусии, masterclass сесии и многу нетворкинг активности што ги поврзуваат технологијата, луѓето и маркетингот. Сите активности и сесии на самитот ќе бидат на англиски јазик.

Редовната цена за учество на самитот изнесува 120 евра. 24 HR, како ексклузивен партнер на PowerToHR за Македонија, обезбеди промотивна цена од само 79 евра. За да резервирате карта, кликнете на овој линк.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...