5-часовен работен ден: Експеримент или модел за во иднина?

од 24HR

Додека повеќето компании остануваат верни на осумчасовниот работен ден, една европска компанија повторно го доведе во прашање традиционалниот модел на работа воведувајќи 5-часовен работен ден за своите вработени.

Дали би сакале да работите 5 часа на ден? Ова прашање неодамна им беше поставено на вработените во Rheingans Digital Enabler – германска компанија која одлучи да тестира дали неделното работното време од 25 часа е подобро од 40-часовната работна недела.

За да го спроведе експериментот, компанијата направи неколку измени во работниот ден на вработените:

  • Работното време започнува во 8 часот и завршува во 13 часот;
  • Кратките меѓусебни разговори се обесхрабрени;
  • Социјалните мрежи се забранети во работно време и
  • Паметните телефони треба да се остават и да не се користат додека се работи.

Покрај тоа, компанијата воведе посебно правило состаноците да траат не повеќе од 15 минути, а вработените да можат да ги проверат своите мејлови само двапати дневно.

Намалувањето на работните часови вообичаено значи намалување на платите и времето за одмор. Но тоа не беше случај со оваа компанија бидејќи менаџментот одлучи да ги остави платите на вработените и времето за одмор недопрени.

Прочитајте > Ковид-19 ги отвора вратите за четиридневна работна недела

Досега, компанијата соопшти дека бележи пораст на продуктивноста. И покрај скратениот работен ден, аутпутот не претрпел никакви промени. Во суштина, тој останал ист како и во време на 40-часовната работна недела.

Всушност, од компанијата објавија дека е забележан пораст на профитот откако е имплементиран овој флексибилен модел на работа и дека истиот е многу корисен како алатка за регрутирање на нови таленти.

Сопственикот на компанијата, Ласе Рајнганс, вели дека овој експеримент успеал да го промени начинот на кој луѓето работат во канцеларија.

„Седиме во канцеларија, без енергија, читајќи вести на интернет или Фејсбук. Потребна ни е кратка пауза за да ги наполниме батериите, но вистината е дека ниту тоа не помага“, вели тој, додавајќи дека неговата идеја е вработените да бидат фокусирани во првите пет часа, а потоа да бидат слободни за да се посветат на другите работи.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...