9 знаци за добар бренд на работодавач

од 24HR

Целта на секоја сериозна организација е да ужива добра перцепција како работодавач. Дали вашата компанија има репутација на добро место за работа?

Навистина едноставно прашање на прв поглед, но во период кога сè повеќе компании вложуваат време, ресурси и енергија во создавање на позитивна перцепција како работодавач, важно е да се запрашате каде се наоѓа вашата компанија.

Современите компании го свртуваат своето внимание кон брендот на работодавач со добра причина. Најновото истражување на Glassdoor укажува на тоа дека 75% од активните работобаратели е поверојатно да аплицираат за работа кај работодавач што активно управува со својот бренд на работодавач.

Но, како можете да бидете сигурни дека вашите напори даваат резултат, или дали имате или не добар бренд на работодавач?

Според Glassdoor, постојат три категории на мерење кои можат да ви дадат одлични повратни информации за тоа дали вашиот бренд на работодавач е во добра форма: вработени, кандидати и метрики.

Знаци на добар вренд на работодавач – од вработени

Првиот и најсуштински знак за тоа дали вашиот бренд на работодавач е здрав потекнува од вашите вработени. Всушност, гласот на вработените е трипати поверодостоен од тој на главниот извршен директор кога станува збор за комуницирање на условите за работа во таа компанија.

Па еве три значи од вашите вработени кои покажуваат дека вашата стратегија за брендирање на работодавач е успешна:

  1. Ангажманот е голем. Кога вработените се високо ангажирани, тоа покажува дека се поврзани со нивното работно место и се вложуваат во успехот на компанијата.
  2. Вработените препорачуваат свои колеги. Кога значителен број од кандидатите доаѓаат како препораки на вработените, можете да бидете сигурни дека вашите вработени имаат добри зборови да кажат за вашата организација.
  3. Ниски стапки на обрт. Организациите сè уште ја истражуваат врската помеѓу обртот на вработени и брендот на работодавачот, но вреди да се напомене дека компаниите кои активно инвестирале во подобрување на својот бренд на работодавач, можат да го намалат обртот на вработени за дури 28%.

Знаци на добар бренд на работодавач – од кандидати

Друг индикатор за здрав бренд на работодавачот може да дојде од потенцијалните кандидати. Анализирајте ги следниве три знаци кај кандидатите и проверете дали вашите инвестиции во градењето на бренд на посакуван работодавач се исплатливи:

  1. Силна социјална интеракција. Ако кандидатите ја следат вашата компанија на социјалните мрежи, а бројот на допаѓања и коментари на објавите се зголемува, тоа е знак дека кандидатите сметаат дека со вашата организација вреди да се биде во комуникација.
  2. Квалитет на кандидатите. Ако редовно привлекувате високо квалитетни кандидати за вашите отворени позиции, можете да бидете сигурни дека информациите што ги давате за вашата компанија се добро усогласени со кандидатите што сакате да ги привлечете.
  3. Позитивно кандидатско искуство. Знаете дека имате здрав бренд на работодавач кога добивате позитивни повратни информации за процесот на регрутација и вработување – без разлика дали кандидатот ќе биде вработен на позицијата или не.

Знаци на добар бренд на работодавач – од метрики

Трет начин за да дознаете дали имате силен бренд на работодавач е со мерење на пулсот на вашата компанија. Еве три метрики кои можат да ви дадат индикација дали вашата репутација добро ви служи или не:

  1. Број на апликанти. Ако имате премногу кандидати заинтересирани за вашите отворени позиции или соодносот помеѓу вкупниот број на апликанти и бројот на кандидати повикани на интервју е поголем од просекот (12%), тоа е добар знак дека вашиот бренд на работодавач ги привлекува вистинските кандидати.
  2. Стапка на прифаќање на понуда. Следењето на бројот на кандидати кои одбиваат понуди може да биде корисен начин да се следи како процесот на интервјуирање се одразува на вашиот бренд на работодавач, особено кога е во комбинација со барањата за повратни информации.
  3. Трошоци за вработување. Здравиот бренд на работодавач може да помогне во намалувањето на трошоците на вашата компанија за вработување на кандидати. Ако забележите дека трошоците за вработување растат, тоа може да биде знак дека на вашиот бренд на работодавач му е потребна дополнителна поддршка.

И додека постојат уште многу други начини за да се измери брендот на работодавачот, најважниот дел од овој процес е преземањето на следниот чекор – неговото подобрување. Без оглед на тоа што ќе го покажат вашите вработени, кандидати или метриките, секогаш има простор за додавање на екстра вредност за вашиот бренд на работодавач кој има потенцијал да ја претвори вашата организација во уште подобро место за работа.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...