7 прашања за проценка на интерперсоналните вештини на кандидатите

од 24HR

Овие прашања ќе ви помогнат да ги тестирате интерперсоналните способности на вашите потенцијални вработени.

Без оглед на вашата индустрија, интерперсоналните вештини се must-have атрибут кој вработените треба да го поседуваат за да успеат во модерното работно опкружување. Тие се важни бидејќи:

  • Им овозможуваат на вработените да развиваат и негуваат добри односи едни со други и со нивните клиенти;
  • Придонесуваат за зголемена тимска и организациска продуктивност и
  • Создаваат целокупно позитивно работно опкружување.

Следните примери на прашања за интервју ќе ви помогнат да ги процените вештините на вашиот кандидат во меѓучовечките односи:

  1. Дали ви се случило тесно да соработувате со колега кој не ви се допаѓа или со кого имате проблем да работите. Што направивте за тој однос да профункционира?
  2. Кажете ни за времето кога не се согласувавте со постапките или одлуките на вашиот менаџер или претпоставен. Како ѝ пристапивте на ситуацијата? Дали ситуацијата беше решена во ваша полза или ништо не се промени?
  3. Раскажете ни за моментот кога сте работеле со пријател или соработник кој подоцна станал ваш пријател. Што направивте за да се осигурате дека вашето пријателство ќе носи позитивни резултати за компанијата?
  4. Опишете конфликт со кој сте се соочиле на вашето работно место. Како го решивте конфликтот? Што се случи понатаму со тој соработник или тимот?
  5. Наведете три видови на однесувања, постапки или ставови со кои најчесто се судирате на работното место? Дали сте имале некоја таква ситуација во минатото? Како ја надминавте?
  6. Кои се трите најважни фактори што ве прават ефикасен и ценет соработник на моменталното работно место?
  7. Доколку имате подредени, како тие би го опишале односот со вас?

Врз основа на добиените одговори лесно ќе можете да процените каква личност е кандидатот во контекст на другите вработени на работното место.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...