АЦТ! ДОО Скопје продолжува да одговара на потребите на јавните набавки со организирање на нова практична обука на тема „Нова online платформа и нови обрасци (eForms in Public Procurement) за објавување на огласите за јавни набавки и известувањата за склучен договор во Службеното гласило на ЕУ (TED)“. Оваа обука ќе се одржи на 25 септември 2024 година во хотел Холидеј Ин, Скопје, од 10:00 до 15:00 часот.
Промените на платформата TED и воведувањето на новите правила за пополнување и објавување огласи предизвикаа бројни предизвици за договорните органи. Во рамките на обуката, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со новите обрасци, полињата и функционалностите кои сега се задолжителни, како и со подобрените процеси на објавување.
Што ќе научите?
- Чекор-по-чекор приказ на новата платформа за јавни набавки, со практични совети за пополнување на огласите и известувањата.
- Управување со профили, пополнување опционални и задолжителни полиња, и употреба на новите алатки на ТЕD.
- е-Пазар за набавки од мала вредност – нова верзија и функција на електронскиот пазар.
Обуката е наменета за договорни органи со јавни набавки над вредносните прагови, како и за сите лица кои се вклучени во подготовка и спроведување на јавните тендери. Дополнително, ќе се одржи и сесија за прашања и одговори каде што учесниците ќе можат да добијат насоки за надминување на конкретни предизвици.
Не пропуштајте ја оваа можност да ги усовршите своите вештини и да останете во чекор со новините во област на јавните набавки!
Пријавувањето за учество е отворено до 23 септември 2024 година. За дополнителни информации и пријавување: obuki@act.com.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.