Прогресив Академија за претприемништво и менаџмент започнува со упис на четвртата генерација за 2024/2025

од 24HR

Со големо задоволство го најавуваме продолжувањето на Академијата за Претприемништво и Менаџмент, дел од Фондацијата Прогресив, Виница. Поддржани од МАКПРОГРЕС, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија, Академијата во моментов го врши уписот за четвртата генерација учесници. Академијата ги повикува претприемачите и менаџерите да аплицираат до 29-ти октомври со цел да бидат дел од првата сертифицирана програма за претприемништво и менаџмент која нуди висококвалитетна едукација и врвни предавачи со практично искуство. Програмата трае 6 месеци и ќе одржува во новиот тренинг и иновативен центар Винчини во Виница.

Академијата е отворена за сопственици на компании, наследници на семејни фирми, менаџери од мали до големи компании, технички лица на менаџерски позиции, поединци кои сакаат да ги надоградат своите знаења, како и стартап фирми и млади талентирани луѓе. Учесниците ќе имаат многу можности за вмрежување со другите, што ќе овозможи проширување на мрежата на контакти и зголемување на човечкиот капитал, што е еден од најбитните алки во бизнис процесите. Академијата која започна со работа во 2021 година, веќе брои повеќе од 40 кандидати кои ја комплетираа програмата и се стекнаа со јавна исправа издадена од МОН.  

Непрекинатото надградување на вештини е клучно за одржување на конкурентноста на компаниите. Секое ново знаење претставува можност за развој и создавање вредност,“ истакна Александра Кирилова, Директор на Фондација Прогресив.

Академијата нуди програма која комбинира технички и лидерски вештини, со фокус на актуелни теми како што се бизнис стратегија, оперативен менаџмент, управување со семејни компании, дигитализација и вештачка интелигенција. Темите за меки вештини, како што се емоционална интелигенција, ефективна комуникација, менторство и коачинг, се исто така интегрирани за да им помогнат на учесниците да станат подобри лидери,“ додаде Кирилова.

Уписот е отворен за сите заинтересирани. Ги покануваме да се информираат за програмата на нашиот веб-сајт и да не контактираат за дополнителни информации. Повеќе детали во однос на наставната програма и уписот на кандидати има на следниот ЛИНК.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...