Карате федерацијата на Македонија (КФМ) ги избра најдобрите за 2024 година, а 10 од доделените признанија припаднаа на „Макпетрол“. На свечена промоција беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата 2024 година. Каратистите на скопскиот клуб и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категори на спортисти.
Во највозрасните категории на сениори прворангиран е Петар Заборски, додека на втора позиција е Петар Спасеновски. Кај помладите сениори (У21), имаше апсолутна доминација на „Макпетрол“. Најдобар е Стефан Стојановиќ, втор е Витомир Трајковски и трет е Данило Божовиќ.
Во женска конкуранција уште едно прво место во помлади сениорки (У21), каде што прворангирана е Јована Мицовска. Спортистката Викторија Јовановска е трета кај сениорките, а кај кадетите во дисциплината кати Никита Лековски го зазема второто место.
За најдобар тренер во младинска конкуренција, веќе трета година последователно, избран е тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски, и признанието за најдобар клуб во младинска конкуренција му припадна, исто така, на клубот од Скопје.
—
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.