Црвена или плава пилула? #Matrix

од 24HR

Колумна на Магдалена Милевска HR Manager -Crispify fried chicken &more 

Позитивни постови, постирани слики, пица ден, друг пост – ние сме семејство, тим билдинг….

Скопје, секојдневие….. муабети од булеварот….

ХР менаџерот во компаниите е само послушник (Жане кадрово) или го постигнува балансот помеѓу вработени и менаџмент?
Оглас за работа – редовни месечни примања?? тек на интервју? мажена си? имаш деца? што значи тоа? ќе ги пораснеме ние?

Вработени во дел од компании не ги добиваат основните законски обврски, од друга страна на насловна од дневен весник, исплатен најголем годишен регрес, притоа работникот имал само 10 дена годишен одмор, не смее да користи боледување итн, итн

Лиле 58 год, издржува семејство (син, снаа, внуци) и дава компанијата курс напредно ниво Excel, у позадина и се смеат ‘’колешките’’ со вештачки трепавици и Michael Kors салонки ај сеа да те видиме, Лиле пуста што да прави мора да издржи до пензија. Ама ние нели читаме дека у Шведска старосна граница им е 95 год и они нејќат у пензија сакаат до 70 да работат. Ние Шведска ли сме?

Табу тема било да се иде на психолог, не не е табу тема секој сака да иде, но нема стандард за некој да потроши 2500 ден за сеанса

Владата со соопштение трудници, вработени со хронични болести да бидат ослободени во денови кога температурите се високи. Во маркет трудница 9 месец и бараат цигари, на метар од неа стои шефицата со мастика во уста превртува очи, као земи си сама, мора трудницата да се истегне за да го услужи потрошувачот нели.

Кои сме ние? Дали Човечки Ресурси може да се избори да секој вработен добие тоа што му следува, воедно да се грижи за профитабилност на компанијата. Тоа е Менаџер на Човечки Ресурси ✔️ а работникот доколку компанијата му ги дава сите ресурси го почитува, а истиот не допринесува за компанијата и не е продуктивен, не покажува успех во работата, си постојат записи од перформанси, остварени, неостварени зададени цели, продуктивност на работно место, итн итн.

Сите знаеме кои се најдобри компании во нашава држава, една шака се, и не можеме сите да работиме во нив, свесни сме дека и странските компании овде полека се повлекуваат од нашиот пазар. Зошто во дел од домашните компании ХР не успева да блесне во полн сјај да го примени своето знаење, да се избори за вработените пред Менаџментот? додека во странските нели лесно е има систем важат сите закони.

Која е улогата онда?
голем дел изјави од вработени се дека нема потреба една компанија да има ХР Менаџер, па да го докажеме спротивното

Вистина или лажна идеализирана верзија? Кој е вашиот избор?

0 коментар
3

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...